Совети за справување со тешкотии во исполнување на кредитни обврски

Кога имате земено кредит, клучна работа е да извршите навремено плаќање на кредитот. Сепак, понекогаш се случуваат неочекувани ситуации во животот поради кои не сте во можност да го испочитувате рокот за плаќање на ратата, или пак, се појавуваат непредвидливи обврски кои може да влијаат на вашата финансиска состојба и способноста да ги исполнувате обврските. Се поставува прашањето: што треба да направите доколку се најдете во таква ситуација?

 

Намалете ги вашите трошоци.

Доколку сте во ситуација каде што вашиот месечен приход не е доволен за покривање на вашите трошоци и кредитни обврски, најпрвин обидете се да ги намалите трошоците. Кога сте пред еден ваков финансиски предизвик, најважно од се е да бидете дисциплинирани во исполнувањето на обврските и да ги намалите трошоците кои не се од животно значење - забава, облека, патувања итн. Исто така, може да се намалат и трошоците, кои влегуваат во категории производи за примарни потреби, како на пример, изборот на поевтина алтернатива за храна, користење на јавен превоз наместо личен автомобил, итн.

 

Комуницирајте со вашата финансиска институција.

Состојбата која ви создава финансиски тешкотии, несомнено е непријатно искуство, но во такви ситуации од особена  важност е да комуницирате со компанијата кај која имате финансиски обврски. Само навремена и искрена комуникација ќе ве спаси од дополнителни трошоци поради доцнење и ќе ви овозможи подобри можности за постигнување на договор со компанијата за одложени плаќања, итн.

 

Извршете плаќање, доколку е можно.

Доколку постои можност, извршете уплата на дел од долгот, затоа што трошоците поради доцнење продолжуваат да се акумулираат, па ако не извршите никакво плаќање, вашата ситуација може да се влоши.

 

Заштедете денес.

Ако располагате со дополнителни средства, кои ги чувате како заштеда за неочекувани ситуации, можете да ги прераспределите за уплата на дел од долгот и со тоа ќе можете да избегнете дополнителни проблеми. Но, главниот предизвик е да го обезбедите резервниот фонд за итни ситуации, што пак од друга страна ќе бара жртва, односно ќе треба да трошите помалку од она што заработувате или од трошењето на кое веќе сте навикнати.

 

Што не треба да правите?

Не смеете да го игнорирате проблемот.

Не заемајте нов кредит за да ги отплатите постоечките долгови.

Не ја избегнувајте комуникацијата со компанијата кај која имате финансиски обврски

Не дозволувајте да ве понесе паниката

 

Со превземање на соодветни и одговорни чекори ќе ги надминете тешкотиите. Запомнете, комуникацијата, дисциплината и разумното управување со трошоците се клучни во овие моменти. И најважно, не се плашете дапобарате помош и совет од финансиските експерти. Со правилната стратегија и континуитет, можете да ги надминете тешкотиите и да ги изградите стабилна финансиска состојба во иднина.

Related articles

Назад