Општи услови
- Дефиниции
- Термините користени во Договорот за кредит и останатата документација за кредитот, го имаат значењето дефинирано во овие Општи услови, доколку поинаку не е утврдено со посебните услови.
Кредитор
|
е Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје, со седиште на ул. ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ Бр.3, 1000 Скопје, со ЕМБС 7229712. * ФД ФИНМАК ДОО Скопје е регистрирано за вршење финансиска дејност - одобрување кредити, согласно „Законот за финансиските друштва”, врз основа на дозвола за основање и работа издадена од Министерството за финансии, со Решение бр.13-6093/4 од 25.08.2017 година. ФД ФИНМАК ДОО Скопје е вклучено во Регистарот на финансиски друштва и надзор над неговото работење врши Министерството за финансии. |
Апликант |
е лице кое изразило интерес да воспостави деловни односи со кредиторот за цели за одобрување кредити и кое пополнило Апликација за регистрација на клиент кај кредиторот. |
Корисник на кредит / Корисник |
е лице кое користи, користело или изразило интерес да користи некоја од услугите на кредиторот. |
Кредитен посредник |
е физичко или правно лице кое не е кредитор и кое во рамките на неговата трговска, деловна или професионална дејност за надоместок, врши една или повеќе од следниве активности: презентира или нуди договори за кредит од понудата на кредиторот; им помага на потрошувачите со преземање на подготвителни активности; или склучува договори за кредит во име и за сметка на кредиторот; |
Страна(и) |
се корисникот и кредиторот |
Трета страна / трето лице |
е било кое лице кое не е страна на Договорот за кредит. |
Општи услови |
се овие услови, кои претставуваат неразделен, составен дел на Договорот за кредит, се објавени и достапни на веб-страната на кредиторот и се означени како дел 2 од Договорот за кредит. |
Посебни услови |
се условите и одредбите наведени во Договорот за кредит и се означени како дел 1 од Договорот за кредит. |
Политика за приватност |
е политика на кредиторот за приватност на личните податоци на корисниците на кредит, која содржи информации за тоа какви податоци собира кредиторот, за кои цели и преку кои средства и кои се правата на субјектите во врска со обработката на личните податоци. Политиката за приватност е објавена и достапна на веб-страната на кредиторот. |
Политика за директен маркетинг |
е политика на кредиторот која содржи информации за тоа како кредиторот ги користи личните податоци на корисниците на кредит за цели на директен маркетинг. Под директен маркетинг се подразбира комуникација остварена на било кој начин (е-маил, телефон, СМС, Профил на веб-страна) со цел испраќање промотивни пораки и понуди од кредиторот директно до Корисниците за тековни понуди, акции, промоции, поволности и слично, кои кредиторот ги нуди во даден момент, а се поврзани со кредитните продукти, начините на плаќање, наплатата, и др. |
Апликација за регистрација на клиент |
е образец кој се пополнува од секој апликант кој сака да воспостави деловен однос со кредиторот, со кој ги прифаќа овие Општи услови и преку кој апликантот ги дава сите потребни податоци, согласности и изјави согласно законската регулатива и за потребите за аплицирање, одобрување и издавање на кредит. Сите согласности и изјави дадени од апликантот во Апликацијата за регистрација на клиент се важечки неопределено време и се применливи за секое наредно поднесено Барање за кредит, се до евентуално нивно отповикување од страна на клиентот. |
Барање за кредит |
е барање од корисникот доставено: онлајн преку Профил на Веб – страната; преку подружниците на кредиторот; преку телефон; или преку кредитен посредник, а со кое корисникот аплицира за одбрување на соодветен износ на кредит и ги одбира достапните опции, услови, или дополнителни услуги во врска со кредитот. |
Преддоговорни информации |
претставуваат информации содржани во посебен формулар, врз основа на понудените кредитни услови, предадени од кредиторот на корисникот на кредит, во писмена форма или преку друг траен медиум, пред истиот да се обврзе со понуда или со договор за кредит, а кои се потребни за споредба на различните понуди, со цел донесување на одлука за склучување на договор за кредит. |
Договор за кредит |
е договор за потрошувачки кредит склучен помеѓу кредиторот и корисникот, склучен во писмена форма или на далечина, и достапен во писмена форма, преку телефон, Електронска пошта или на Профилот на клиентот, со кој кредиторот одобрува или ветува дека ќе одобри кредит и кој заедно со Општите услови, Тарифата, Политиката за приватност, и сите согласности и изјави дадени од корисникот, со сите нивни идни релевантни измени и/или анекси договорени меѓу страните, претставува една целина и е обврзувачки за договорните страни. |
Договор на далечина |
е договор склучен помеѓу страните, без истовремено физичко присуство на страните, со исклучиво користење на едно или повеќе средства за комуникација на далечина. |
Износ на кредит / Кредит
|
преставува исплатениот износ на кредит, како што е наведено во Договорот за кредит. Корисникот може да аплицира за Износ на кредит онлајн преку Профил на веб - страната, во подружниците на Кредиторот, преку телефон, преку СМС Системот на Кредиторот или преку кредитни посредници на Кредиторот со поднесување на Барање за кредит. |
Вкупен износ на кредит |
е горната граница на кредитот или вкупниот износ што му се става на располагање на потрошувачот согласно со договорот за потрошувачки кредит. |
Вкупни трошоци на кредитот |
се сите трошоци, вклучувајќи камати, провизии и кои било други надоместоци во врска со договорот за кредит кои корисникот треба да ги плати при одобрувањето и редовната отплата на кредитот и кои му се познати на кредиторот, освен нотарските трошоци доколку е применливо. Трошоците за дополнителни услуги поврзани со договорот за кредит, вклучувајќи ги и премиите за осигурување на кредитот, доколку е применливо, исто така влегуваат во вкупните трошоци на кредитот, само доколку склучувањето на договор за дополнителни услуги е задолжително за добивање на кредитот или за негово добивање под назначените услови; |
Годишна стапка на вкупни трошоци - СВТ |
се вкупните трошоци на кредитот, изразени како годишен процент од вкупниот износ на кредитот и којашто е наведена во Договорот за кредит и во Формуларот за преддоговорните информации. |
Вкупен износ што го плаќа потрошувачот |
претставува збир на вкупниот износ на кредитот и вкупните трошоци на кредитот наведен во Договорот за кредит кој корисникот има обврска да го плати на денот на отплата на кредитот; Во вкупниот износ што го плаќа потрошувачот не се вклучени провизиите и надоместоците за користење незадолжителни, дополнителни услуги коишто не се услов за одобрување на кредитот. |
Дополнителни услуги |
се незадолжителни, дополнителни услуги чие користење не е задолжително за одобрување на кредитот и користењето на таквите услуги се одобрува врз основа на изречно барање на корисникот или на било кој друг начин слободно изјавена волја за користење на таквата дополнителна услуга. За користење на Дополнителна услуга кредиторот пресметува и наплаќа Провизии и Надоместоци согласно Тарифите, кои не влегуваат во вкупните трошоци на кредитот, согласно дефинициите во Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, и не се прикажани во СВТ. |
Вкупен износ за одбрани дополнителни услуги |
претставува збир од износот на провизиите, надометоците и трошоците за одбраните Дополнителни услуги, кои кредиторот му ги одобрува на корисникот по негово изречно барање и пресметува и наплаќа согласно Тарифите. |
Вкупно за отплата |
преставува збир од вкупен износ на кредитот, вкупни трошоци на кредитот, вкупен износ за одбрани дополнителни услуги и сите други Провизии и надоместоци кои корисникот треба да ги плати на Датумот на отплата согласно Амортизациониот план. |
Рок на отплата |
е периодот во кој корисникот треба да го отплати Кредитот, како и сите побарувања кои произлегуваат од Договорот за кредит, согласно Амортизациониот план. |
Датум на отплата |
е денот на отплатата како што е наведено во Договорот за кредит и/или во Амортизациониот план. |
Амортизационен план |
е план на отплата на кредитот кој ги опфаќа податоците за ратите и рокот на нивно достасување и условите во врска со исплатата на тие износи, преглед на секоја исплата со податоци за главнината, каматата која е пресметана врз основа на каматната стапка, доколку е применливо и дополнителни трошоци и други побарувања кои произлегуваат од Договорот за кредит и истиот претставува составен дел на Договорот за кредит. |
Преглед на паричните текови |
е преглед на парични текови кој кредиторот го изработува за потребите на пресметка на СВТ, и е составен дел на Договорот за кредит. |
Тарифи |
ги вклучуваат сите провизии, камати, надоместоци, трошоци, стапки и услови за плаќање на истите, за услугите кои ги обезбедува кредиторот, кои се достапни на веб-страната (https://www.tigo.mk/info/tarifi) и во подружниците на кредиторот и се неразделен, составен дел на Договорот за кредит. Тарифите на кредиторот можат да бидат предмет на измена од време на време. Корисникот се смета дека е информиран од страна на кредиторот за секакви измени во Тарифите на денот кога истите се објавени на Веб-страната. |
Провизии, надоместоци и трошоци |
се провизии, надоместоци, трошоци, стапки, пенали за неисполнување на договорни обврски и останати плаќања за услугите дадени на корисникот од страна на кредиторот, наведени во Договорот и важечките Тарифи на кредиторот коишто се достапни на Веб - страната и во Подружниците на кредиторот. |
Казнена камата |
е камата за задоцнето плаќање на доспеаните обврски и го има значењето во согласност со одредбите на Законот за облигационите односи. |
Договорна каматна стапка |
е висина на каматната стапка која се пресметува и наплаќа на Износот на кредитот, како што е уредено во Договорот за кредит и Тарифите. |
Фиксна каматна стапка |
претставува фиксна, непроменлива каматна стапка за цело времетраење на договорот за кредит изразенa во фиксен процент. |
Вкупен износ на камата |
е пресметаната камата која корисникот треба да ја плати согласно договорната каматна стапка за целото времетраење на Договорот, на начин како што е наведено во Договорот. |
Провизија за администрирање на кредит |
Претставува провизија за администрирање на кредитот и се пресметува во согласност со времетраењето на кредитот (рокот на отплата) согласно Тарифите. |
Провизија за продолжување на рокот за отплата на кредитот
|
е провизијата за користење на незадолжителна, дополнителна услуга, и тоа одложување на рокот на отплата на кредитот, како што е предвидено со Тарифите. Со плаќањето на Провизијата за одложување на рокот за отплата на кредитот, Корисникот изјавува дека се согласува со и ги потврдува измените на Договорот за кредит, односно одложување на рокот за отплата. |
Провизија за итно процесирање
|
е провизија за користење на незадолжителна, дополнителна услуга која овозможува Барањето за кредит да се процесира веднаш наместо стандардниот рок за процесирање од 14 дена. |
Провизија за исплата во готово во подружница
|
е провизија за користење на незадолжителна, дополнителна услуга која овозможува Корисникот да ги подигне средствата во готово во една од подружниците на Кредиторот, наместо стандардниот банкарски трансфер на платежна сметка. |
Експрес опција |
Доколку е применлива кај одреден кредитедн продукт, е провизија за користење незадолжителна, дополнителна услуга која овозможува Барањето за кредит да се процесира веднаш, наместо стандардниот рок за процесирање од 14 дена, се пресметува согласно Тарифите и вклучува: експресна обработка и процесирање на кредитот; приоритетен трансфер на средства на банкарска платежна сметка; исплата на кредитот на платежна сметка за 24 часа или најдоцна следниот работен ден; 0% провизија за предвремена отплата на кредитот; една бесплатнa потврдa за состојба на кредит; една бесплатна потврда за отплатен кредит; итна верификацијата на доставените информации и/или документи од барателот на кредит. |
Провизија за неисполнување на договорни обврски |
е провизија која ја пресметува Кредиторот во случај кога корисникот на кредит доцни со исполнување на своите обврски согласно Договорот за кредит. Се пресметува на дневно ниво, а висината и начинот на пресметка се определени во важечките Тарифи. |
Провизија за предвремена отплата |
е провизија која ја пресметува кредиторот при целосна или делумна предвремена отплата на кредитот за трошоците директно поврзани со предвремената отплата на кредитот. Таквиот надоместок не смее да надмине 1% од износот на предвреме отплатениот кредит, доколку периодот меѓу предвремената отплата и рокот на траење на договорот за кредит се случи во период подолг од една година од рокот на траење на договорот за кредит, односно не повеќе од 0.5%, доколку предвремената отплата се случи во период не подолг од една година од рокот на траење на договорот за кредит. |
Веб- страна |
е интернет страната на кредиторот www.tigo.mk |
Профил |
Профил е личниот профил на корисникот креиран на веб-страната, преку кој корисникот и кредиторот може меѓусебно да комуницираат и да разменуваат информации. Профилот му е достапен на Корисникот откако ќе ги внесе своето корисничко име и лозинка (логирање). При логирањето на Профилот за прв пат Корисникот мора веднаш да ја замени првичната лозинка со нова единствена лозинка којашто ќе му биде позната само на Корисникот. Пристапот до Профилот е дозволен само со внесување на корисничкото име и лозинка на Корисникот, коишто го идентификуваат Корисникот. Корисникот е целосно и единствено одговорен за сите последици што произлегуваат од секоја погрешна употреба и секоја злоупотреба на Профилот од страна на било кое трето лице |
Траен медиум |
е секој инструмент што на корисникот му овозможува да ги складира информациите упатени лично до него на начин кој му овозможува користење на тие информации во одреден временски период соодветен на целта на информациите и кој дозволува неизменета репродукција на складираните информации. |
СМС систем на кредиторот |
претставува систем кој му овозможува на корисникот (i) да аплицира за Износ на кредит или, доколку е применливо (ii) кој му овозможува на корисникот прифаќање на понуда на кредиторот за издавање на Износ на кредит, во согласност со условите за користење на СМС Системот воспоставени од кредиторот. |
Адреса на корисник на кредит |
е декларираната и/или фактичката адреса на живеење која корисникот на кредит ја има доставено на кредиторот. Фактичката адреса на корисникот на кредит се утврдува од важечки документ за лична идентификација. |
Е-маил адреса на корисникот |
е е-маил адреса на корисникот наведена во Договорот за кредит, во Апликацијата за регистрација на клиент и/или во Барањето за кредит и за која се подразбира дека се користи исклучиво од страна на корисникот. Корисникот на кредитот е целосно и единствено одговорен за сите последици што произлегуваат од секаква погрешна употреба или злоупотреба на неговата е-маил адреса од страна на било кои трети лица. |
Телефонски број на корисник |
е секој телефонски број кој се користи од страна на корисникот или тој што му е доставен на кредиторот од страна на корисникот наведен во Апликацијата за регистрација на клиент, Барањето за кредит, Договорот за кредит, Анексите, Профилот на Веб страната, Подружниците на кредиторот или преку кредитни посредници. |
Платежна сметка на корисникот |
е секоја негова/нејзина платежна сметка: (1) која е наведенa во Договорот за кредит, Апликацијата за регистрација на клиент или Барање за кредит; (2) која е пријавена кај кредиторот усно или писмено во некоја од подружниците на кредиторот преку телефонски разговор или на Профилот; |
Сметка на кредиторот |
е секоја платежна сметка на кредиторот објавена на Веб страната на кредиторот и/или во подружниците на кредиторот. |
Подружница или филијала |
е секоја канцеларија на кредиторот која е различна од главното седиште на кредиторот, а во која кредиторот врши дејност на издавање кредити (важечки список на подружниците е достапен на веб-страната на кредиторот). |
Право на откажување |
претставува право на корисникот на кредит да се откаже од Договорот за кредит во рок од 14 дена од денот на склучување на Договорот или од денот кога ги добил условите и информациите од договорот, доколку тој ден е подоцна од денот на склучувањето на договорот, како што е дефинирано во Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити и Законот за заштита на потрошувачите. |
Право на предвремена отплата |
претставува право на корисникот за делумна или целосна предвремна отплата на недоспеаниот дел од Кредитот за која го известил кредиторот за својата намера да изврши делумна или целосна предвремена отплата и поднел соодветно барање за предвремена отплата во една од подружниците на кредиторот. |
Преплата |
претставува секој уплата над износот кој корисникот требало да го плати на Датумот на отплата на поединечно плаќање, согласно Амортизациониот план, без оглед на тоа кога и на кој датум е извршена таквата уплата. |
Неидентификувана уплата |
преставува секоја уплата направена преку банкарски трансфер на Сметка на кредиторот која не содржи доволно податоци за да може уплатата да се идентификува или поврзе со Корисник и/или со конкретен кредит. |
Носители на јавни функции |
Поимот ,,носител на јавна функција“го има значењето согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник 151/2022 и сите последователни измени). За носители на јавни функции се сметаат физички лица на кои им е или им била доверена јавна функција во Република Македонија или во друга држава, и се сметаат за носители на јавна функција најмалку две години по престанокот на извршување на јавната функција. Поимот „носители на јавни функции“ вклучува членови на семејството на носителот на јавна функција, како и лице кое се смета за близок соработник на носителот на јавна функција. |
Применливо право |
се законите, подзаконските акти и позитивната правна регулатива во Република Северна Македонија. |
1.2 Сите Анекси кон Договорот за кредит се неразделен, составен дел на Договорот за кредит и заедно со овие Општи услови, Тарифите и Договорот за кредит претставуваат една целина и се обврзувачки за договорните страни. Под терминот Договор ќе се подразбираат и евентуално склучените анекси. Во случај на конфликт меѓу одредбите на Општите услови и Посебните услови, преовладува значењето на Посебните услови.
2. Предмет на Договорот за кредит
2.1 Со склучувањето на Договорот за кредит, Кредиторот се обврзува да исплати износ на кредит и Корисникот на кредит го прифаќа износот на кредит во висина утврдена во Посебните услови на Договорот и се обврзува да изврши отплата на Износот на кредит, каматата, провизиите и другите надоместоци и трошоци како што е предвидено во согласност со условите на Договорот и Амортизациониот план.
3. Апликација за регистрација на клиент
3.1 Пред да поднесе барање за кредит, секој клиент кој има намера да воспостави деловен однос со Кредиторот пополнува образец – Апликација за регистрација на клиент со која ги прифаќа Општите услови и во која ги внесува сите потребни лични податоци, согласности и изјави согласно законската регулатива и потребите за аплицирање, одобрување и издавање на кредит (како на пример согласност за: обработка на лични податоци; проверка на кредитна способност преку Македонско кредитно биро, КИБС и/или други јавни бази на податоци; директен маркетинг; изјава за носител на јавна функција и сл.).
3.2 При пополнувањето на Апликацијата за регистрација на клиент, Корисникот е обврзан да даде изјава дали ги прифаќа овие Општи услови и Изјава дали е носител на јавна функција, како и да означи дали ги прифаќа и дали дава изречна согласност за дадените опции за соодветните согласности, употреба на информации и транспарентност и обработка на лични податоци и согласност за директен маркетинг.
3.3. Апликацијата за регистрација на клиент може да се пополни или во некоја од подружниците на кредиторот со лично присуство или онлајн преку веб-страната.
3.4 Согласностите и изјавите дадени во Апликацијата за регистрација на клиент се важечки неопределено време. Корисникот е согласен дека дадените изјави се важечки, се однесуваат и се применливи и за секое наредно поднесено Барање за кредит, се до евентуално нивно повлекување од страна на корисникот. Повлекувањето на согласностите се врши со пополнување образец за повлекување на претходно дадена согласност/изјава во писмена форма или преку друг траен медиум.
3.5 Корисникот го информира Кредиторот за секоја измена на податоците наведени во Апликацијата за регистрација на клиент, во Барањето за кредит или во Договорот за кредит вклучувајќи ги личните податоци, адресата на живеење или престојување, е-маил адресата на Корисникот, телефонскиот број, платежната сметка, документот за личната идентификација, измени кај статусот Носител на јавна функција, веднаш по настанување на промената, со повик од својот телефонски број, преку својот Профил на Веб страната или во подружниците на Кредиторот и е должен да изврши ажурирање на изменетите податоци на начин согласно применливата регулатива.
3.6 Кредиторот може во одредени временски интервали, согласно законските обврски и интерните Политики и Процедури, да побара задолжително ажурирање на податоците на корисникот, а во зависност од видот на податокот кој е променет ажурирањето може да се врши на начин во согласност со важечката регулатива.
3.7 Корисникот е единствено одговорен за точноста на податоците внесени во Апликацијата за регистрација на клиент. За било какви грешки при пополнување на податоците, настанати по вина на корисникот, кредиторот не сноси одговорност и сите последици од таквите грешки паѓаат на товар на корисникот.
4. Барање за кредит
4.1 За да поднесе барање за кредит и да го склучи Договорот, корисникот мора да ги исполнува и потврдува дека ги исполнува следните основни критериуми во текот на целиот период на важење на Договорот за кредит:
4.1.1. да е физичко лице;
4.1.2. да има најмалку 18 години возраст;
4.1.3. да е државјанин на Република Северна Македонија;
4.1.4. дека аплицира за кредит во свое име и за своја сметка;
4.1.5. во моментот на поднесување на Барањето за кредит и во моментот на склучување на Договорот, е целосно деловно способен и не е под дејство на алкохол или на наркотични, психотропни, токсични или други опојни супстанции.
4.2 корисникот на кредит ја потврдува својата намера да поднесе барање за кредит и да бара одобрување на кредит на еден од следниве начини:
4.2.1. со лично присуство, преку своерачно потпишување и поднесување на Барањето за кредит до вработените на кредиторот во некоја од подружниците на кредиторот; или
4.2.2. со потврдување на Барањето за кредит на далечина, преку личниот Профил на соодветната веб-страница на кредиторот, со електронско извршување на потребните дејствија и со внесување на единствен електронски код испратен преку СМС Системот на Кредиторот на телефонскиот број на Корисникот, и/или доколку е применливо, со електронско потпишување на документите со квалификуван електронски потпис;
4.2.3. со поднесување на Барање за кредит по телефон – по пат на комуникација со вработените од Центарот за грижа на корисници кај Кредиторот, доколку е применливо, согласно политиките и процесите на Кредиторот;
4.2.4. со поднесување на Барање за кредит преку овластен Кредитен посредник којшто врши посредување при склучување на потрошувачки кредити врз основа на писмено овластување за кредитен посредник заверено на нотар и издадено од Кредиторот.
4.3 Корисникот е единствено одговорен за точноста на податоците внесени при поднесување на првото, како и секое наредно Барање за кредит. За било какви грешки при пополнување на податоци, настанати по вина на Корисникот, Кредиторот не сноси одговорност и сите последици од таквите грешки паѓаат на товар на Корисникот.
4.4 Во случај корисникот да е Носител на јавна функција, а притоа Апликацијата за регистрација на клиент ја пополнува онлајн, преку профилот на веб-страната, својството на носител на јавна функција го означува во апликацијата и по пополнувањето на Апликацијата за регистрација, Барањето за кредит не може да го поднесе онлајн, туку задолжително мора да го поднесе со лично присуство во некоја од подружниците на Кредиторот. Кредиторот може да го одбие Барањето за кредит на Носител на јавна функција во согласност со интерните процедури.
5. Идентификација на корисник на кредит
5.1 По приемот на Барањето за кредит, а пред склучување на Договорот за кредит, корисникот е должен да му овозможи на кредиторот да изврши негова идентификација и верификација на идентитетот во согласност со важечката законска регулатива.
5.2 Идентификацијата и верификацијата на идентитетот на корисникот може да се изврши на еден од следниве начини:
5.2.1. со лично идентификување на корисникот од страна на вработени кај кредиторот во просториите на некоја од подружниците на кредиторот, преку презентирање од страна на корисникот на оригинален, важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош);
5.2.2. со електронска идентификација на далечина преку користење услуги од издавач на средства за електронска идентификација со високо ниво на сигурност, регистриран во Регистарот на даватели на доверливи услуги и на шеми за електронска идентификација, согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги – доколку е применливо;
5.2.3. со идентификување на корисникот преку низа технички постапки и механизми интегрирани во личниот Профил на веб-страната на кредиторот, со прикачување на важечки документ за лична идентификација, верификација на мобилен телефонски број и е-маил адреса, внесување на единствен електронски код, испратен преку СМС системот на кредиторот на телефонскиот број на корисникот, внесување на банкарска платежна сметка и верификација на внесените податоци од страна на Кредиторот преку проверка во соодветни бази на податоци - доколку е применливо, а во согласност со применливата регулатива.
5.3 Верификацијата на корисникот преку телефонски број и телефонските разговори со Корисникот се обврзувачки за двете страни, ако корисникот го користел пријавениот телефонски број за телефонскиот повик и ако за време на повикот бараната информација за договорот за кредит му е дадена на Кредиторот. Кредиторот ги снима телефонските разговори.
5.4 Кредиторот може, по свое наоѓање, да ја прекине комуникацијата по телефон со користење на пријавениот телефонски број или преку профилот на Веб - страната, да спроведе идентификација на корисникот и да бара одредено дејствие, наместо да биде извршено преку средства за комуникација на далечина, да биде извршено со физичко присуство во подружниците на кредиторот. Корисникот е согласен и ја прифаќа ваквата одлука.
5.5 Профил на корисникот се креира на Веб - страната, а почетната лозинка се испраќа на е-маил на корисникот и на телефонскиот број на корисникот. Корисникот при првото најавување на профилот е должен да ја промени првичната лозинка и да не ја споделува со трети лица. Корисникот е должен со особено внимание да управува со корисничкото име и лозинката потребни за најавување на профилот. Корисникот е согласен дека Кредиторот не сноси одговорност за неовластено користење на корисничкото име и лозинката на корисникот.
5.6 Комуникацијата меѓу страните преку Профилот и Веб - страната е обврзувачка за двете страни. Со потпишувањето на Договорот за кредит, корисникот потврдува дека е согласен и свесен за правилата за користење на Веб – страната и Профилот наведени во Договорот за кредит и на Веб-страната.
6. Одобрување на кредит и склучување на Договор за кредит
6.1 Кредиторот има право да го одбие барањето за кредит со обично информирање на корисникот за одлуката за одбивање на барањето. Кредиторот нема обврска да ја образложува одлуката за одбивање на барањето за кредит.
6.2 Доколку барањето за кредит се одбие заради добиените информации од бази на податоци кои се користат согласно важечки законски прописи, кредиторот или кредитниот посредник веднаш и бесплатно го информираат корисникот на кредит за тие информации, во сите случаи, освен ако давањето на информациите е забрането со закон.
6.3 Кредиторот има право да не го одобри износот на кредит баран со барањето за кредит и, врз основа на спроведената проценка на кредитната способност на корисникот има право да предложи друг износ на кредит кој корисникот на кредит може да го прифати или да го одбие. Во таков случај, нема да се бараат измени на Барањето за кредит, но конечниот износ на одобрен кредит ќе биде потврден и одобрен од корисникот на кредит со потпишување или одобрување на Договорот за кредит во согласност со процедурите утврдени во овие Општи услови и во посебните услови на Договорот.
6.4 Корисникот на кредит има право да аплицира за кредит неограничен број пати. Кредиторот има право да не го разгледа барањето за кредит и да не донесе одлука по барањето за кредит доколку корисникот прекршил претходно склучен договор со Кредиторот.
6.5 Корисникот има право да склучи Договор за кредит, само доколку претходно одобрениот и исплатен кредит е отплатен во целост.
6.6 Пред да се обврзе со понуда или со договор за кредит, кредиторот или кредитниот посредник, на корисникот на кредит, во писмена форма или преку друг траен медиум, му ги доставуваат преддоговорните информации за понудените кредитни услови, на посебен формулар, кои се потребни за споредба на различните понуди, со цел донесување на одлука за склучување на договор за кредит.
6.7 Ако договорот се склучува по барање на корисникот со користење на средства за комуникација на далечина што не овозможуваат давање на преддоговорните услови и информации во согласност со наведеното погоре во точка 6.6, Кредиторот е должен да ја исполни обврската веднаш по склучувањето на договорот.
6.8 Понудата за кредит дадена од Кредиторот ќе важи 3 дена од датумот на испраќање на таквата понуда. Наведениот период ќе се смета од датумот на кој понудата е дадена по телефон, лично во некоја од подружниците на кредиторот, преку Профилот на веб-страната или преку СМС системот на кредиторот - доколку е технички применливо. Доколку корисникот на кредит не ја потврдил понудата за кредит во горенаведениот рок, кредиторот повеќе нема да биде обврзан со понудата и, по приемот на задоцнета потврда од корисникот или ново барање за кредит од истиот корисник, кредиторот може по свое наоѓање да го одбие новото барање за кредит, да ја обнови претходно дадената понуда за кредит или да даде нова понуда.
6.9 Договорот за кредит може да се склучи:
6.9.1. со лично потпишување од корисникот на кредит во некоја од подружниците на кредиторот; или
6.9.2. со склучување договор на далечина, без истовремено физичко присуство на кредиторот и корисникот на кредит, со исклучиво користење на едно или повеќе средства за комуникација на далечина, како што е технички применливо, согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и другата применлива регулатива.
7. Склучување договор во подружница на кредиторот
7.1 Одредбите од ова глава се применуваат како дополнување на одредбите од главите 4 и 6 од овие Општи услови.
7.2 Доколку кредиторот го одобри барањето за кредит и ако е договорено договорот за кредит да се склучи со физичко присуство во некоја од подружниците преку кои работи кредиторот, понудените кредитни услови на Договорот му се објаснуваат на корисникот и Договорот се потпишува на лице место, во некоја од подружниците на кредиторот. Самото поднесување на Барање за кредит од корисникот, како и објаснувањето на кредитните услови на Договорот од страна на вработени на кредиторот, на корисникот на кредит, нема да претставуваат склучување на Договорот.
7.3 Договорот ќе се смета дека е склучен исклучиво откако ќе биде своерачно потпишан од двете договорни страни.
8. Склучување договор на далечина
8.1 Одредбите од оваа глава се применуваат како дополнување на одредбите од главите 4 и 6 од овие Општи услови.
8.2 Доколку кредиторот го одобри барањето за кредит и ако е договорено договорот за кредит да се склучи на далечина, без истовремено физичко присуство на кредиторот и корисникот на кредит, со исклучиво користење на едно или повеќе средства за комуникација на далечина (како телефон, СМС систем на кредиторот, Профил на веб-страната, интернет и сл.), кредиторот ќе ги понуди одобрените услови на кредит и ќе го информира корисникот на кредит за преддоговорните информации за условите на кредитот, на еден од следниве начини:
8.2.1. со повикување на корисникот на кредит на телефонскиот број на корисникот и информирање на корисникот за вкупниот износ на кредитот и условите за негово искористување; траењето на договорот за кредит; каматната стапка, условите со кои е уредена примената на каматната стапка, и доколку е применливо секој индекс или референтна стапка на почетната каматна стапка, како и периодите, условите и процедурите за промена на каматната стапка; износот на поединечната рата, бројот на ратите и доколку е применливо редоследот на пристигнување на ратите кои корисникот треба да ги плати; како и годишната стапка на вкупни трошоци, преку репрезентативен примерок и вкупниот износ што го плаќа потрошувачот.
8.2.2. со овозможување достапност до преддоговорните информации на личниот Профил на корисникот - на веб-страната и/или на е-маил адресата на корисникот.
8.3 Договорот за кредит во овие случаи ќе се смета за склучен и ќе стапи на сила кога:
8.3.1. кредиторот ги направил достапни преддоговорните информации, Договорот за кредит и останатата документација на личниот Профил на корисникот креиран на веб-страната на кредиторот и корисникот се согласил со и го потврдил прифаќањето на условите на Договорот на начин што го потпишал Договорот електронски, со внесување на единствен електронски код испратен преку СМС Системот на кредиторот на телефонскиот број на корисникот или доколку е применливо со квалификуван електронски потпис. По извршеното внесување на единствениот електронски код или по потпишување со квалификуван електронски потпис, се смета дека Договорот на далечина е потпишан од страна на корисникот. Веднаш по склучување на Договорот за кредит на далечина, кредиторот испраќа примерок од преддоговорните информации и Договорот за кредит до корисникот на кредит, на неговата е-маил адреса и на личниот Профил на веб-страната.
8.4 Со извршување на дејствијата наведени во клаузула 8.3 од овие Општи услови, корисникот на кредит ја потврдува својата волја да го прими кредитот, се согласува дека договорот меѓу Страните е склучен на далечина, односно договорот е склучен во електронска форма преку комуникација на далечина и не мора да биде своерачно потпишан од двете страни, и дека ги прочитал и се согласил со условите на Договорот и прифаќа дека е обврзан со нив.
8.5 Кредиторот ќе ги задржи сите комуникации на далечина (телефонски повици, е-пошта и активност на личниот Профил и на веб-страната) помеѓу Страните, за целите на квалитетот на услугите на клиентите и зачувување докази. Корисникот признава и се согласува дека комуникацијата на далечина може да се користи на суд за да се докаже дека Договорот и/или измените на договорот се склучени.
8.6 Доколку Договорот е склучен по пат на комуникација на далечина - со користење личниот Профил на Корисникот на веб-страната на Кредиторит или преку говорна телефонија, е-маил, или други средства за комуникација на далечина, тогаш Корисникот признава дека пред да влезе во Договорот, ги прочитал, разговарал, условите му биле објасенети од Кредиторот и се согласил со условите на Договорот како што се наведени во посебните услови од Договорот (Дел 1 од Договорот) и Општите услови (Дел 2 од Договорот) и е запознаен и согласен дека Договорот склучен на овој начин не треба да биде потпишан од двете страни.
9. Исплата на износот на кредитот
9.1 Договорот за кредит претставува основ за исплата на Износот на кредитот, на начин на кој побарал Корисникот при поднесување на Барањето за кредит.
9.2 При стандардна обработка на Барањето за кредит, а по разгледување и оцена на кредитната способност, одобрување на барањето и верификување на доставените информации и/или документи, доколку се исполнети претходните услови за исплата на износот на кредит предвидени во овие Општи услови и во Договорот за кредит, исплатата на кредитот се врши најдоцна во рок од 48 часа по истекот на 14 дена од потпишувањето на договорот за кредит, на платежната сметка на корисникот на кредит, преку банкарска трансакција.
9.3 Корисникот има право да побара итно разгледување на Барањето за кредит, вклучувајќи ја и верификацијата на доставените информации и/или документи, за што Кредиторот пресметува Провизија за итно процесирање, согласно Тарифите и го обработува барањето за кредит веднаш, наместо стандардниот рок од 14 дена.
9.4 Корисникот е согласен дека исплатата на кредитот Кредиторот ќе ја изврши во рамките на работното време на Кредиторот и на учесниците во платниот промет (банки). Доколку исплатата на кредитот се врши преку банкарски пренос на платежна сметка на Корисникот, во одредени случаи како што се неработни денови, празници и слично, исплатата на одобрениот Износ на кредитот ќе биде извршена првиот нареден работен ден, односно соглсно терминскиот план за работа на платниот систем.
9.5 Се смета дека корисникот го примил износот на кредитот (или соодветниот дел од него) по извршувањето на плаќањата наведени во клаузула 9.4 од овие Општи услови.
9.6 По барање на Корисникот, износот на кредитот може да биде исплатен во готовина во подружниците на Кредиторот, за што Кредиторот пресметува Провизија за исплата во готово во подружница, согласно Тарифите.
9.7 Износот на кредитот нема да биде исплатен на Корисникот доколку Корисникот погрешно ја навел банкарската платежна сметка или другите податоци во Барањето за кредит се невистинити и неподобни за проверка, а Договорот за кредит ќе стане неважечки, за што Кредиторот соодветно го информира Корисникот.
10. Отплата на кредитот
10.1 Корисникот на кредит се обврзува да ги изврши исплатите за кредитот, каматите и применливите провизии и надоместоци на датумите, во износите и во валутата утврдени во Амортизациониот план. Сите уплати од корисници на кредит задолжително се вршат во валута македонски денари и плаќање во други, странски валути не е возможно и не се прифаќа. Корисникот има право во кое било време во текот на траењето на договорот за кредит бесплатно да добие амортизационен план, по претходно поднесено писмено барање или од својот телефонски број или преку својот Профил на Веб - страната, а за издавање на секоја друга форма и вид на потврда и информација, Кредиторот има право да наплати соодветен трошок согласно важечката тарифа во моментот на издавање на потврдата, односно информацијата.
10.2 Корисникот на кредит врши уплата на своите обврски, на начин и во рокови утврдени во Договорот за кредит и Амортизациониот план, со уплати преку банкарска трансакција на една од сметките на кредиторот или во готовина, во една од подружниците на кредиторот.
10.3 Корисникот изјавува дека го прифаќа секое плаќање извршено од трето лице во име и за сметка на Корисникот направено во подружницата на Кредиторот, како и дека со така извршените плаќања, Кредиторот може да ги затвори обврските на Корисникот кои произлегуваат од Договорот за кредит. Корисникот изјавува дека е согласен Кредиторот да ги потврди информациите дадени од трето лице кое ја врши уплатата во подружницата на Кредиторот во однос на висината на долгот за кој третото лице врши уплата. Корисникот изјавува дека нема да го смета Кредиторот за одговорен по ниту еден основ ниту да побарува било каква штета од него поради потврдување на информации дадени од трето лице кое ја врши уплатата, а во однос на висината на долгот.
10.4 При вршење на уплати по Договорот за кредит, корисникот, односно третото лице, е должно при секоја уплата на Сметка на кредиторот да наведе доволно податоци со цел уплатата да може да се идентификува и поврзе со корисникот. Ќе се смета дека корисникот, односно третото лице, навеле доволно информации за идентификација на уплатата доколку при уплатата се наведени единствениот матичен број на корисникот и бројот на Договорот за кредит. Корисникот може да го контактира кредиторот со цел добивање на точниот број на Договорот за кредит. Доколку уплатата ја прави трето лице, корисникот е должен да му ги обезбеди на третото лице потребните информации за успешна идентификација на уплатата.
10.5 Доколку корисникот или трето лице изврши плаќање што не е согласно одредбите од клаузула 10.4 од овие Општи услови, кредиторот има право да го смета таквото плаќање како неидентификувана уплата, а тоа плаќање ќе се смета за невалидно се до моментот на идентификација. Кредиторот ќе преземе разумни мерки за идентификација на уплатите без доволно податоци, но во случај на неуспех, нема обврска да преземе дополнителни дејствија за идентификација на уплатата и не сноси одговорност за било каква штета која може да настане како резултат на неидентификувана уплата. Во случај на неидентификувана уплата корисникот, односно третото лице е должно да поднесе до кредиторот писмено барање за идентификација на уплатата во кое ќе наведе по кој основ е направена уплатата.
10.6 Кредиторот не е одговорен за уплати кои го надминуваат износот кој Корисникот му го должи на Кредиторот согласно Договорот. Кредиторот нема обврска да преземе дополнителни дејствија и не сноси одговорност за било каква штета која може да настане како резултат на направена неоснована Преплата. Корисникот изјавува дека е запознаен и се согласува секоја Преплата да се смета и да претставува авансна уплата за затворање на идни обврски, освен ако Корисникот изречно не побара враќање на Преплатата. Доколку Корисникот нема идни обврски спрема Кредиторот должен е да побара поврат на Преплатата, при што ќе наведе дека уплатата е направена без основ, и ќе достави платежна сметка на која сака да биде извршен повратот. Доколку преплатата е во износ за кој банкарската провизија за уплата на средствата на сметка на корисникот е повисока од износот кој се враќа, преплатата нема да се враќа на корисникот. Во случај ако Корисникот на кредитот уплати сума во износ кој не е доволен за да ги отплати сите доспеани износи согласно Договорот и Амортизациониот план до датумот на уплатата (помалку уплатен износ), со платениот износ се отплаќаат прво трошоците во врска со неисполнување на обврската на Корисникот за отплата на кредитот и провизиите за користење на дополнителни услуги, а со преостанатиот износ се затвораат доспеаната камата и главницата на кредитот.
11. Каматна стапка
11.1 Каматата се пресметува врз основа на 365 (триста шеесет и пет) дена годишно или 366 (триста шеесет и шест) дена во престапна година.
11.2 Кредиторот ја пресметува каматата врз основа на договорната каматна стапка утврдена во посебните услови од Договорот и во Тарифите. Договорната каматна стапка е изразена на годишно ниво и е фиксна и непроменлива за цело времетраење на договорот за кредит.
12. Право на откажување од договорот за кредит
12.1. Корисникот на кредит може да се откаже од договорот за кредит во рок од 14 дена, без да наведува причина за откажувањето. Рокот на откажување започнува да тече од денот на склучувањето на договорот или од денот кога корисникот ги добил условите и информациите од договорот, доколку тој ден е подоцна од денот на склучувањето на договорот. Корисникот може да го искористи правото за откажување од договор за потрошувачки кредит, со известување до кредиторот во писмена форма. За остварување на ова право, корисникот може да го користи однапред пропишаниот формулар, или пак да состави и достави свое известување и да го достави во една во подружниците или преку електронска пошта на [email protected].
12.2. Доколку корисникот го искористи правото на откажување, должен е да ја плати главнината и каматата за периодот од искористувањето на кредитот до денот на плаќање на главнината, веднаш но не подоцна од 30 дена од денот на известувањето на кредиторот за откажувањето од кредитот. Каматата се пресметува врз основа на договорната каматна стапка, согласно важечката Тарифа.
12.3. Кредиторот има право на надоместок на неповратните трошоци платени во врска со договорот за кредит кон јавни или државни органи.
12.4. Доколку кредитот е исплатен на платежна сметка на корисникот, исплатените парични средства задолжително се враќаат на сметката на кредиторот преку банкарски трансфер. Доколку Износот на кредитот е исплатен во готовина, корисникот може да направи поврат на паричните средства преку банкарски трансфер или во една од подружниците на кредиторот.
Известување за откажување од договор за потрошувачки кредит
12.5 Во случај корисникот на кредит да не го искористи правото на откажување од договорот во рокот наведен во клаузули 12.1 и 12.2 од овие Општи услови, корисникот нема право да се откаже од Договорот за кредит по изминување на рокот, но може да го искористи правото на предвремена отплата на кредитот.
13. Право на предвремена отплата
13.1 Корисникот има право во кое било време да го плати, целосно или делумно, недостасаниот дел од Кредитот со поднесување на писмено барање за предвремена отплата во една од подружниците на кредиторот. Во случај корисникот да изврши плаќање кое го надминува достасаниот износ за плаќање, а не поднел писмено барање за предвремена отплата до кредиторот, во кое ја изразил намерата за целосна или делумна предвремена отплата, истото нема да се смета како предвремена отплата, туку како Преплата.
13.2 Во случај на предвремена отплата, корисникот има право на намалување на вкупните трошоци на кредитот, кое се состои од каматата и другите трошоци за преостанатиот период на траење на договорот за потрошувачки кредит.
13.3 Кредиторот има право на праведен надоместок за трошоците директно поврзани со предвремената отплата на кредитот. Таквиот надоместок не смее да надмине 1% од износот на предвреме отплатениот кредит, доколку периодот меѓу предвремената отплата и рокот на траење на договорот за потрошувачки кредит се случи во период подолг од една година од рокот на траење на договорот за потрошувачки кредит, односно не повеќе од 0.5%, доколку предвремената отплата се случи во период не подолг од една година од рокот на траење на договорот за потрошувачки кредит.
13.4 Корисникот е должен до го намири во целост надоместокот за предвремена отплата на Кредитот на денот на целосната или делумна предвремена отплата на кредитот.
13.5 Во случај на целосна или делумна предвремена отплата на кредитот, не се враќаат веќе наплатените провизии, надоместоци и трошоци за искористени незадолжителни, дополнителни услуги, кои доспеваат веднаш по склучување на договорот за кредит и се наплаќаат при исплатата на кредитот.
14. Измени на Договорот
14.1. По претходно поднесено барање од страна на корисникот, Износот, рокот на отплата и другите посебни услови на Кредитот утврдени во Договорот за кредит може да бидат изменети согласно барањето на корисникот, и достапните понуди, опции и дополнителни услуги на кредиторот, за што ќе биде склучен соодветен Анекс на Договорот. Одобрувањето на барањето на корисникот подлежи на Провизии согласно Тарифите на кредиторот. Доколку корисникот сака да направи промени во посебните услови, треба да поднесе барање до кредиторот на еден од следниве начини: (i) лично во една од подружниците на кредиторот, (ii) со испраќање е-пошта од адресата на е-пошта наведена во Барањето за кредит или во Договорот, на е-поштата на кредиторот: [email protected], или (iii) со повикување на кредиторот од телефонскиот број наведен во барањето за кредит или во Договорот и (iv) преку личниот Профил на веб-страната.
14.2 Барањето за измена јасно и разбирливо треба да го специфицира барањето на корисникот и бројот на Договорот за кредит. Кредиторот има право да не ги разгледува барањата добиени од е-маил адреса или телефонски број што не одговараат на регистрираните е-маил адреса и телефонски борј на корисник наведени во Апликацијата за регистрација на клиент, во Барањето за кредит или во Договорот и притоа, не бил навремено, однапред известен за евентуалната промена на овие контакт податоци.
14.3. Со склучување на Договорот за кредит, Корисникот изјавува дека е запознаен и согласен во случај да бара користење на дополнителна, незадолжителна услуга за одложување на рокот на отплата на Кредитот, Кредиторот има право да пресмета и наплати договорна камата и провизија за администрирање за одложениот период.
14.4 Доколку договорните страни по склучувањето на договорот за кредит се согласат со Анекс да го променат вкупниот износ на кредитот, кредиторот е должен да ги дополни финансиските информации за корисникот и повторно да ја процени неговата кредитна способност.
14.5 Кредиторот има право да ја одбие измената на Договорот за кредит и нема обврска да наведе причини или образложение за неговото одбивање.
14.6 Кредиторот има право да наплати надомест за измени на Договорот во согласност со Тарифите.
14.7 Корисникот има право да се согласи со или да ги одбие предложените измени на Договорот. Корисникот ќе ја потврди согласноста најдоцна во рок од 3 (три) работни дена по приемот на измените преку е-пошта или преку Профилот и со навремено плаќање на провизиите, надоместоците и трошоците кои се применливи и се наведени во Тарифите и/или Анексот.
14.8 Во случај на продолжување на рокот на кредитот, новиот Амортизационен план на корисникот ќе биде испратен на е-маил адресата на корисникот или на Профилот и Договорот ќе се чува во базата на податоци на кредиторот за периодот и на начин пропишани со релевантните закони.
14.9 Кредиторот има право да ги измени Општите услови по свое наоѓање, во секое време. Доколку кредиторот ги измени Општите услови, новата верзија на Општите услови ќе биде објавена на веб-страницата на кредиторот со важност од датумот на кој Општите услови стапуват на сила. Верзијата на Општите услови што се применуваат на Договорот за кредит ќе биде верзијата што се применувала во времето на склучување на договорот или времето на склучување на последниот Анекс на Договорот.
14.10 Во случај на макроекономска нерамнотежа која ќе резултира со најмалку 5 % девалвација на средниот курс на еврото во денари (ЕУР/МКД) како еднострана мерка на НБРСМ или 5 % депрецијација на средниот курс на еврото во денари, мерени преку зголемување на средниот курс на ЕУР/ МКД објавен од страна на НБРСМ на нејзината веб страна, кредиторот го задржува правото да ги корегира и зголеми за истиот процент на девалвација/депрецијација сите обврски на корисникот на кредит спрема кредиторот согласно Договорот за кредит (вклучувајќи, но неограничувајќи се на обврските по основ на главницата, каматата и сите провизии).
15. Права и обврски на корисникот на кредит
15.1 Корисникот ќе има право да го користи износот на кредитот што му е доделен, по сопствено наоѓање и за свои цели. Износот на кредитот ќе се користи исклучиво за законски цели кои не се забранети со меѓународното или домашното право, а износот на кредитот или кој било дел од него не смее да се користи во трансакции за предмети и/или услуги чијшто промет е забранет со закон.
15.2 Корисникот се обврзува да ги извршува своите обврски од Договорот безусловно, и го презема ризикот од неисполнување на обврските и непредвидени ситуации во врска со кредитот.
15.3 Корисникот ќе го информира кредиторот најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена доколку корисникот или член на неговото семејство или лице кое се смета за близок соработник на корисникот, стекнало статус на носител на јавна функција.
15.4 Во случај Кредиторот поради исполнување на свои законски обврски, да има потреба од дополнителни докази, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, документи кои ги докажуваат редовните или другите месечни приходи на корисникот на кредит, како и вистинити и целосни информации и документи потребни за кредиторот да спроведе длабинска анализа на клиентите во согласност со барањата утврдени со закон, кредиторот има право да ги побара таквите докази, а корисникот на кредит е должен да ги достави во рок од 7 дена од денот на прием на барањето.
15.5 Корисникот нема право да ги отстапи правата и обврските од Договорот, како и побарувањата кои произлегуваат од Договорот, целосно или делумно, на трети лица без писмена согласност од Кредиторот.
15.6 Корисникот на кредит е должен да користи само сигурни средства за електронска комуникација и пренос на податоци и опрема во врска со склучувањето и исполнувањето на Договорот и да не споделува или дава на трети страни информации, опрема и документи кои би можеле да се искористат за злоупотреби и идентификација на корисникот, вклучително, но не ограничувајќи се на пристап до податоци/опрема за интернет банкарство, паметни уреди (мобилни телефони, таблети и сл.) и документи за лична идентификација. Корисникот ја презема целосната одговорност за чување на таквите информации, опрема и документи во тајност и за сите ризици и штети доколку тие се користат од трети лица за извршување на кривични дела против корисникот и/или кредиторот.
15.7 Корисникот е должен писмено да го извести кредиторот, веднаш, но не подоцна од 5 (пет) работни дена, доколку се промени името, презимето, адресата на корисникот, е-маил адресата, телефонскиот број, или доколку се стекне со нов документ за лична идентификација (лична карта или пасош) и сл.
15.8 Корисникот има право во една од подружниците на кредиторот да добие копија од Општите услови во хартиена форма.
16. Исполнување на обврските
16.1 Исполнувањето на обврските од Договорот ќе биде во валута – македонски денари, во која е изготвен и Амортизациониот план.
16.2 Корисникот се обврзува навремено да го отплати Износот на кредитот, заедно со сите вкупни трошоци на кредитот (камата и провизија за администрирање на кредитот) како и провизии за евентуално одбрани незадолжителни, дополнителни услуги согласно Тарифата на Кредиторот.
16.3 Провизиите за незадолжителните, дополнителни услуги Итно процесирање на кредит (кај кредити кадешто е применлива) и Исплата на кредитот во готовина во подружница се пресметуваат согласно Тарифите, доспеваат за наплата веднаш по склучување на Договорот и можат да бидат уплатени од Корисникот во готовина и/или преку банкарска трансакција, при исплата на кредитот, или преку зголемување на износот на кредит за износот на соодветната применлива провизија, заради наплата на износот на провизијата при исплатата на износот на кредит.
16.4 Договорот ќе остане во целосна сила и важност додека обврските на корисникот наведени во Договорот не бидат целосно исполнети и ќе се смета дека се исполнети по плаќањето на неподмирениот износ на главницата на кредитот, вкупната камата што се должи на главницата, сите пресметани и применети провизии, надоместоци и трошоци, како и провизии за неисполнување на договорни обврски и други давачки (доколку ги има), а кои се наведени во Тарифите на кредиторот.
16.5 Обврските од Договорот ќе се сметаат за навремено исполнети доколку се извршени најдоцна до последниот ден од договорениот период за исполнување на обврските согласно Договорот и Амортизациониот план. Обврската за плаќање ќе се смета за исполнета, а кредитот за исплатен и затворен кога целосната уплата за вкупниот долг по кредитот или последната уплата за преостанатиот долг ќе се евидентира и кредитира на сметката на кредиторот и кога со извршената уплата или уплати се затворени сите обврски по кредитот, без остаток, и кога по кредитот не останува никаков дополнителен износ за плаќање.
16.6 По појавата на која било од околностите наведени во клаузула 18.2 од овие Општи услови кои му даваат право на кредиторот еднострано да го раскине Договорот, Договорот ќе се смета за раскинат од датумот на кој кредиторот му испратил на корисникот известување за раскинување на Договорот.
16.7 Плаќањата за обврските од Договорот за кредит ќе се кредитираат по следниот редослед:
16.7.1. плаќање на провизии за дополнителни, незадолжителни услуги (вклучително и оние кои доспеваат за плаќање веднаш, по склучување на Договорот за кредит);
16.7.2. плаќање на камата;
16.7.3. плаќање на провизијата за администрирање на Договорот или која било друга провизија утврдена во Тарифите;
16.7.4. плаќање на главницата на кредитот;
17. Одговорност за неисполнување на договорните обврски
17.1. Во случај на ненавремено исполнување или прекршување на договорните обврски наведени во Договорот согласно Амортизациониот план, Кредиторот има право да пресметува и може да наплати казнена камата во согласност со Законот за облигационите односи, сметано од денот на доспевање на побарувањето па се до денот на конечна наплата.
17.2. Во случај кога корисникот на кредит доцни со исполнување на своите обврски согласно договорот за кредит и Амортизациониот план, кредиторот пресметува и наплаќа провизија за неисполнување на договорните обврски, на дневно ниво, согласно Тарифата и истата не е вклучена во СВТ.
17.3 Плаќањето на провизијата за неисполнување на договорните обврски нема да го ослободи корисникот на кредит од должноста да ги исполни своите обврски од Договорот.
17.4.Кредиторот има право да поведе постапка пред надлежни органи за присилна наплата на долгот, согласно применливите правни прописи.
17.5. Со склучување на овој Договор, Корисникот изјавува дека е согласен Кредиторот да овласти друг субјект да му се обраќа лично нему, или на членовите на неговото домаќинство доколку се наведени како лице за контакт од страна на Корисникот, преку телефон, факс-уред, пошта, електронска пошта или друго средство за комуникација на далечина, во случај на ненавремено исполнување на договорните обврски, а со цел остварување на паричните побарувања на Кредиторот.
17.6 Кредиторот нема да биде одговорен за какви било загуби и штети предизвикани од прекини во користењето на поштенски, електронски или други средства за комуникација, како и на техничка опрема што ги овозможува соодветните услуги на кредиторот, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, прекини во средствата за комуникација, прекин на телефонските линии, прекини на веб-страната, прекини во електронската размена на податоци и системите за плаќање на давателите на платежни услуги (вклучувајќи Интернет банкарство).
18. Времетраење и предвремено раскинување
18.1 Договорот ќе стапи во сила по неговото склучување и ќе остане во сила се додека не се исполнат целосно обврските на Страните на Договорот.
18.2 Кредиторот има право еднострано да го раскине Договорот со писмено известување доколку се случи некој од следниве настани:
18.2.1. Доколку Корисникот доцни со отплата или исполнување на било која друга обврска од Договорот подолго од 10 (десет) дена од датумот на доспевање;
18.2.2. Корисникот му дал лажни и/или неточни информации на Кредиторот или намерно пропуштил да даде суштински значајна информација со цел да го добие кредитот, која доколку би била обелоденета, би довела до одлука на Кредиторот да не го одобри кредитот;
18.2.3. Кредиторот располага со информации издадени од овластен државен орган што доведуваат до неможност на клиентот да учествува во финансискиот систем;
18.2.4. Доколку Корисникот има доспеани неплатени обврски кон трети лица (влошена кредитоспособност);
18.2.5. Доколку над Кредиторот е отворена стечајна постапка;
18.2.6. Доколку Кредиторот дознал дека на Корисникот му престанал работниот однос или кога Корисникот не може да докаже дека има редовни или други приходи;
18.2.7. Ако Кредиторот не може веќе да му исплаќа кредит на Корисникот, од причини по вина на Корисникот, вклучувајќи, но неограничувајќи се на случаите кога платежната сметка на Корисникот е блокирана или затворена, па преносот на Износот на кредитот не може да се изврши;
18.2.8. Доколку Кредиторот утврдил дека Корисникот станал носител на јавна функција.
18.2.9. Корисникот починал или е прогласен за мртов или исчезнат.
18.2.10. Доколку Кредиторот ја изгуби правната и деловна способност за вршење на финансиска дејност, Кредиторот има право еднострано да го раскине овој Договор во секое време со отказен рок од 30 дена.
18.3. Корисникот има право да го раскине овој Договор со поднесување на писмено известување до Кредиторот.
18.4. Во случај на еднострано раскинување на Договорот, сите побарувања веднаш доспеваат и се наплатливи, и Кредиторот има право да бара од Корисникот предвремена отплата на договорените плаќања (договорна камата, провизии за администрирање, провизии за неисполнување на договорни обврски, главница и други трошоци.) за периодот до раскинувањето, целосна отплата на провизиите за искористени дополнителни услуги, како и законска казнена камата во случај на задоцнување сè до денот на исплата на сите договорени плаќања.
19. Обработка на лични податоци
19.1 Со потпишувањето на Договорот, корисникот потврдува дека ја прочитал, се запознал со содржината на Политиката за приватност на личните податоци на корисници достапна на Веб-страната и во подружниците на кредиторот, потврдува дека е запознат со неговите права како субјект на податоци, категориите, основата и целта на податоците обработени од кредиторот, можноста за повлекување на дадена согласност и други одредби опишани во неа и во целост се согласува со неа и ја прифаќа.
19.2 Корисникот се согласува неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на кредиторот (за цело времетраење на важноста на согласностите дадени во Апликацијата за регистрација на клиент) и му дозволува на кредиторот да ги испраќа и пренесува податоците на корисникот на кредитот на било кои трети лица (обработувачи и корисници) во земјата и странство, вклучително Заложниот регистар при Трговскиот Регистар на Република Северна Македонија, агенции за наплата на побарувања во име и за сметка на кредиторот, како и при евентуални понуди од кредиторот кон трети страни за остсапување/цесија на побарувањата кои произлегуваат од Договорот за кредит, како и за цело времетраење на деловниот однос, во согласност со дадените согласности и изјави од Апликацијата за регистрација на клиент, да прибавува информации за проверка на вистинитоста на дадените информации, за обезбедување и одржување на кредитни услуги, за управување со кредитниот ризик, за процена на кредитната способност на корисникот од Македонското кредитно биро и од сите други достапни јавни регистри и/или бази на податоци во Република Северна Македонија и за други цели во согласност со Политиката за приватност на кредиторот.
19.3 Кредиторот може да развива кредитна историја на Корисникот за обврските на Корисникот и може да пренесува податоци за Корисникот на кредит како на Македонското кредитно биро, така и на доверители на кредиторот (вклучувајќи ги и идните доверители).
19.4 Кредиторот има право да се јави на телефон, да испрати СМС пораки или да стапи во контакт со корисникот преку користење на било какви други средства и канали за комуникација, да испрати е-маил на електронската адреса обезбедена од корисникот, како и да испраќа поштенски пратки на поштенската адреса на корисникот со цел да се стапи во контакт со корисникот, а во врска со исполнувањето на Договорот или за целите на директен маркетинг, доколку е дадена претходна согласност.
19.5 Обработката на податоците на корисникот од страна на кредиторот за целите за обезбедување, нудење и одржување на услугите кои се предмет на Договорот за кредит, е регистрирана во Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, во која кредиторот е регистриран како контролор на лични податоци.
20. Други одредби
20.1 Кредиторот, во рок од 3 (три) работни дена по приемот на барањето на корисникот, ќе му испрати на корисникот Амортизационен план, бесплатно, на е-маил адресата на корисникот наведена во Договорот или во Барањето за кредит.
20.2 Корисникот има право да добие примерок од нацрт-договорот за кредит, освен доколку кредиторот во време на поднесувањето на барањето не сака да пристапи кон склучување на договорот за кредит со конкретниот корисник.
20.3 Корисникот има и право бесплатно и без одлагање да биде известен за податоците добиени од бази на податоци врз основ на кои кредиторот го одбил барањето за кредит. Своите барања корисникот може да ги истакне преку контактирање на кредиторот по телефон или со испраќање барање до кредиторот преку е-пошта на [email protected]. По приемот на барањето, информациите ќе бидат испратени до корисникот на е-маил адресата наведена во Договорот или во Барањето за кредит или лично доставени во една од филијалите на кредиторот, во заемно договорено време.
20.4 Сите известувања од Страните ќе бидат во писмена форма на македонски јазик и ќе бидат испратени до другата Страна по пошта, преку е-маил или на личниот Профил на веб-страната на корисникот. Преписката испратена по пошта ќе се смета дека е примена на 8-ми (осми) ден по датумот на испраќање, освен ако не е поинаку договорено.
20.6 Споровите меѓу Страните ќе се решаваат така што корисникот најпрво ќе му пристапи на кредиторот со приговор/жалба или барање и ќе се обиде да го реши спорот преку преговори. Доколку страните не успеат да го решат спорот со преговори, корисникот има право да поднесе барање до релевантните здруженијата за заштита на потрошувачите или на суд во согласност со постапката утврдена со законите и прописите на Република Северна Македонија. За деловните односи на страните, правата и обврските и решавањето спорови, кои не се предвидени во договорот, ќе се применуваат одредбите и решенијата во согласност со позитивната правна регулатива на Република Северна Македонија.
20.7 Доколку Договорот е склучен во некоја од подружниците на кредиторот, Договорот ќе се состави и потпише во 2 (два) примероци, од кои еден ќе го чува кредиторот, а другиот корисникот. Двете копии од Договорот ќе имаат иста правна сила.
20.8 Доколку Договорот е склучен на далечина преку личниот профил на веб-страница или со друго средство за комуникација на далечина, Договорот склучен помеѓу Страните ќе биде испратен во електронска форма до корисникот, на е-маил адресата и/или на Профилот на корисникот, а Договорот ќе се чува во базата на податоци на кредиторот за периодот и на начин пропишан со релевантните закони.
20.9 Страните се обврзуваат да не откриваат на трети страни какви било информации што произлегуваат од Договорот, освен во случаите предвидени во законите и прописите на Република Северна Македонија и соодветниот Договор.
20.10 Кредиторот може да пренесе (отстапи) побарувања или делови од побарувањата, кои произлегуваат од Договорот за кредит, на неограничен број трети лица (доверители), во целост или делумно, со можност Кредиторот за да го задржи правото да го сервисира Договорот за кредит по сопствена одлука. Корисникот се согласува со правото на кредиторот да ги отстапи (пренесе) правата и обврските или побарувањата што произлегуваат од Договорот или дел од него на неограничен број Трети страни. Корисникот не се спротивставува и го признава легитимниот интерес и правото на кредиторот во таков случај, да ги открие на трети страни сите информации што произлегуваат од Договорот.
20.11 Корисникот на кредитот е информиран дека во случај на отстапување на побарувањата или нивни делови коишто произлегуваат од Договорот за кредит, истиот останува непроменет и во случај на отстапување (цесија) третите лица можат да ги отстапат побарувањата или нивни делови што произлегуваат од Договорот за кредит на неограничен број други трети лица.
20.12 Корисникот признава дека во случај на отстапување/пренесување на правата и обврските што произлегуваат од Договорот, корисникот продолжува да му ги отплаќа договорените износи согласно Договорот на Кредиторот, или во случај на отстапување на побарувањата без задржување на правото на сервисирање на кредитот, на третите лица (доверители), освен доколку Кредиторот не го извести Корисникот за спротивното.
20.13.Ако кредиторот продолжи да ги сервисира договорните плаќања според Договорот, корисникот ќе продолжи да ги врши договорните исплати на кредиторот на сметката на кредиторот или на друга сметка како што може да биде наведено во известувањето на кредиторот до корисникот. Дополнително, корисникот признава дека кредиторот нема обврска да го информира корисникот за фактот дека кредиторот продолжува да дејствува како застапник (повереник) за новите доверители. Доколку кредиторот ги отстапи побарувањата што произлегуваат од Договорот на трети страни без да продолжи да ги сервисира плаќањата од Договорот што произлегуваат од договорот, корисникот ќе отпочне да ги врши плаќањата за обврските од Договорот на новодоставенитеите сметки на новиот доверител наведени во известувањето од кредиторот кон корисникот.
20.14 Корисникот е информиран дека Кредиторот има право и може со договор за залог да ги заложи побарувањата кои произлегуваат од Договорот за кредит, во согласност со Законот за договорен залог.
20.15 Корисникот се согласува дека кредиторот, кога им нуди можност на трети лица да им ги отстапи правата и обврските и побарувањата што произлегуваат од Договорот, ќе има право да им ги открие на трети лица следните информации поврзани со корисникот: приходите, расходите, кредитната историја, име, презиме, полот, возраста, адресата на Корисникот на кредитот, како и други информации од Договорот за кредит потребни за исполнување на целта заради која се откриваат, и /или заради исполнување на законска обврска на Кредиторот, вклучително и упис во соодветни јавни регистри.
21. Завршни одредби
21.1 Со потпишување на Договорот за кредит, Клиентот потврдува дека ги прочитал и ги разбрал овие Општи услови, и дека е запознаен дека истите, заедно со Тарифите и евентуалните Анекси се составен дел од Договорот за кредит.
21.2 Во случај на спор меѓу страните, истиот може да се реши спогодбено, односно вонсудски, по пат на порамнување или медијација. Доколку страните не можат да го решат спорот спогодбено, истиот ќе биде решен од страна на стварно и месно надлежен суд како што е утврдено со важечките закони.
21.2 Орган кој врши надзор на ФД ФИНМАК ДОО Скопје во однос на усогласеноста со Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити и Законот за финансиски друштва е: Министерство за финансии Ул.Даме Груев бр. 12, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3106-159 Факс: + 389 2 3117- 280 Емаил: [email protected] . * ФД ФИНМАК ДОО Скопје е регистрирано за вршење финансиска дејност - одобрување кредити, согласно „Законот за финансискитете друштва”, врз основа на дозвола за основање и работа издадена од Министерството за финансии, со Решение бр.13-6093/4 од 25.08.2017 година.
Овие Општи услови се апликативни за издадени кредити по 17:00 часот на ден 15.3.2025 г.
****
Доколку кредитот е издаден пред 17:00 часот на ден 15.03.2025 г., тогаш се применуваат следните ОПШТИ УСЛОВИ:
- ДЕФИНИЦИИ
1.1. Кредитор е ФД ФИНМАК ДОО Скопје, со седиште на ул. ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ Бр.3, 1000 Скопје, со ЕМБС 7229712, со број за контакт 13 700, и електронска пошта [email protected].
1.2. Корисник е лице, кое користи, користело или изразило интерес да користи некоја од услугите на Кредиторот.
1.3. Договор за кредитен лимит подразбира Договор кој заедно со Општите услови, Тарифата, Политиката за приватност, како и сите Прилози кон Договорот за кредитен лимит со сите нивни идни релевантни измени и/или анекси договорени меѓу страните во писмена форма, преку телефон, Електронска пошта или на Профилот, претставува една целина и е обврзувачки за договорните страни.
1.4. Прилог кон Договор за кредитен лимит / Прилог преставува секој договор за потрошувачки кредити склучен помеѓу Корисникот и Кредиторот врз основа и во рамките на Договорот за кредитен лимит, како и сите негови идни измени и/или анекси. Прилогот е интегрален и составен дел на Договорот за кредитен лимит. Одредбите од Договорот за кредитен лимит се задолжителни и се применуваат на сите Прилози.
1.5. Сметка на Кредиторот е секоја банкарска сметка на Кредиторот објавена на Веб страната на Кредиторот и/или во подружниците на Кредиторот.
1.6. Кредитен лимит е максималниот износ на кредит којшто Кредиторот може да му го стави на располагање на Корисникот на кредитот. Врз основа на проценката на кредитната способност на Корисникот, Кредитниот лимит може да биде променет за времетраење на Договорот за кредитен лимит, согласно интерните политики на Кредиторот.
1.7. Рок на Договорот за кредитен лимит е неопределен временски период за кој е склучен Договорот за кредитен лимит.
1.8. Рок на отплата е времетраењето на кое е склучен Прилогот, и во кој рок Корисникот треба да ги отплати сите побарувања кои произлегуваат од Прилогот, согласно Амортизациониот план.
1.9. Датум на отплата е денот на отплатата како што е наведено во Прилогот кон Договорот за кредитен лимит и/или во Амортизациониот план.
1.10. Износ на кредит / Кредит преставува исплатениот износ на кредит, како што е наведено во Прилогот кон Договорот за кредитен лимит, а е во рамките на Кредитниот лимит. Корисникот може да аплицира за Износ на кредит во рамките на Кредитниот лимит онлајн преку Профил на Веб - страната, во подружниците на Кредиторот, преку СМС Системот на Кредиторот или преку кредитни посредници на Кредиторот со поднесување на Барање за кредит.
1.11. Барање за кредит е барање од Корисникот доставено онлајн преку Профил на Веб – страната, преку подружниците на Кредиторот, преку СМС Системот на Кредиторот или преку кредитен посредник, а со кое Корисникот аплицира за Износ на кредит во рамки на одобрениот Кредитен лимит.
1.12. Електронска пошта/ Е-маил на Корисникот е адреса на електронската пошта на Корисникот наведена во Договорот за кредитен лимит, што се подразбира дека се користи исклучиво од страна на Корисникот. Корисникот на кредитот е целосно и единствено одговорен за сите последици што произлегуваат од секаква погрешна употреба или злоупотреба на неговата Е-маил адреса од страна на било кои трети лица.
1.13. Сметка на Корисникот е секоја негова/нејзина банкарска сметка: (1) која е наведенa во Договорот за кредитен лимит; (2) која е пријавена кај кредиторот усно или писмено во некоја од подружниците на Кредиторот преку телефонски разговор или на Профилот; и/или (3) било која банкарска сметка од која Корисникот извршил плаќање кон Кредиторот.
1.14. Подружница е секоја канцеларија на Кредиторот која е различна од главното седиште на Кредиторот, а во која Кредиторот врши дејност на издавање кредити (важечки список на подружниците е достапен на Веб – страната на Кредиторот).
1.15. СВТ претставува стапка на вкупни трошоци којашто е наведена во Прилогот.
1.16. СМС Системот на Кредиторот претставува систем кој му овозможува на Корисникот (i) да аплицира за Износ на кредит во рамки на одобрениот Кредитен лимит или (ii) кој му овозможува на Корисникот прифаќање на понуда на Кредиторот за издавање на Износ на кредит во рамки на одобрениот Кредитен лимит, во согласност со условите за користење на СМС Системот воспоставени од Кредиторот.
1.17. Амортизационен план е план кој ги опфаќа плаќањата на Износот на кредитот и роковите на доспеаност за секое плаќање по Прилогот и истиот преставува составен дел на Договорот за кредитен лимит и Прилогот. Корисникот има право во кое било време во текот на траењето на договорот за кредит бесплатно да добие амортизационен план, по претходно поднесено писмено барање.
1.18. Преглед на паричните текови е преглед на парични текови кои Кредиторот го изработува за потребите на пресметка на СВТ, и е составен дел на Прилогот.
1.19. Провизии се надоместоци, трошоци и останати плаќања за услугите дадени на Корисникот од страна на Кредиторот, наведени во Договорот за кредитен лимит и тековните Тарифи на Кредиторот коишто се достапни за Корисникот на Веб - страната и во Подружниците на Кредиторот.
1.20. Тарифи ги сочинуваат сите провизии, камати, трошоци, стапки и услови за плаќање на истите, како и надоместоци за услугите кои ги обезбедува Кредиторот, кои се достапни на Веб - страната (https://www.tigo.mk/info/tarifi) и во Подружниците на Кредиторот и се составен дел на Договорот за кредитен лимит. Тарифите на Кредиторот можат да бидат предмет на измена од време на време. Корисникот се смета дека е информиран од страна на Кредиторот за секакви измени во Тарифите на денот кога истите се објавени на Веб – страната.
1.21. Дополнителна услуга е услуга чие користење не е задолжително за одобрување на кредитот, и користењето на таквата услуга се одобрува врз основа на барање на Корисникот. За користење на Дополнителна услуга Кредиторот пресметува и наплаќа Провизии согласно Тарифите, кои не влегуваат во вкупните трошоци на кредитот, и не се прикажани во СВТ.
1.22. Вкупен износ за кредитот претставува збир од Износот на кредит и вкупните трошоци на кредитот, наведен во Прилогот кој Корисникот има обврска да го плати на Денот на отплата на кредитот. Во Вкупниот износ за кредитот не се вклучени Провизиите за користење на Дополнителни услуги, кои се прикажани одделно како Вкупен износ за одбрани Дополнителни услуги.
1.23. Вкупен износ за одбрани Дополнителни услуги претставува збир од износот на Провизиите за одбраните Дополнителни услуги, кои Кредиторот му ги одобрува на Корисникот по негово барање и ги наплаќа согласно Тарифите.
1.24. Вкупно за отплата преставува збир од Вкупен износ за кредитот, Вкупен износ за одбрани Дополнителни услуги, камата и сите други Провизии кои Корисникот треба да ги плати на Датумот на отплата согласно Амортизациониот план.
1.25. Применливо право се законите и подзаконските акти на Република Северна Македонија.
1.26. Казнена камата е камата за задоцнето плаќање на доспеаните обврски. Казнена камата се пресметува кога Корисникот ќе задоцни со исполнување на неговата парична обврска, а во согласност со одредбите на Законот за облигационите односи. Стапката на казнената камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка на Република Македонија (референтна стапка), што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за осум процентни (законска казнена камата).
1.27. Договорна каматна стапка е висина на каматната стапка која се пресметува и наплаќа на Износот на кредитот, како што е уредено во Прилогот и Тарифите.
1.28. Вкупен износ на камата е пресметаната камата која Корисникот треба да ја плати согласно Договорната каматна стапка за целото времетраење на Прилогот.
1.29. Провизија на администрирање на кредит- Престставува провизија за администрирање на кредитот и се пресметува месечно во согласност со рокот на отплата на кредитот, врз основа на времетраењето на Договорот за кредит, односно Прилогот, согласно Тарифите.
1.30. Провизија за одложување на рокот за отплата на кредитот е провизијата за користење на Дополнителна услуга, и тоа одложување на рокот на отплата на кредитот, како што е предвидено со Тарифите. Со плаќањето на провизијата за одложување на рокот за отплата на кредитот, Корисникот изјавува дека се согласува со и ги потврдува измените на Прилогот кон Договорот за кредитен лимит, односно одложување на рокот за отплата.
1.31. Провизија за трансформација на начинот на отплата е провизија за користење на Дополнителна услуга која овозможува Корисникот да одбере да го промени начинот на отплата на одобрениот Кредит; и тоа трансформација на начинот на отплата во еднакви или нееднакви ануитети.
1.32. Провизија за итно процесирање е провизија за користење на Дополнителна услуга која овозможува Барањето за кредит да се процесира веднаш наместо стандардниот рок за процесирање од 14 дена.
1.33. Провизија за исплата во готово во подружница е провизија за користење на Дополнителна услуга која овозможува Корисникот да ги подигне средствата во готово во една од Подружниците на Кредиторот, наместо стандардниот банкарски трансфер.
1.34. Веб - страна е интернет страната на Кредиторот www.tigo.mk, каде што Корисникот е идентификуван преку неговиот/нејзиниот Профил и каде што Корисникот и Кредиторот може меѓусебно да комуницираат и да разменуваат информации. Информациите разменети преку Веб – страната и Профилот се обврзувачки за страните и претставуваат составен дел на Договорот за кредитен лимит, ако не е поинаку наведено во разменетите информации или со Договорот за кредитен лимит. Секогаш кога Корисникот ќе кликне на копчето "Се согласувам" на Веб - страната или на Профилот се смета дека Корисникот ја дал својата согласност за содржината за којашто копчето "Се согласувам" е понудено.
1.35. Предвремена отплата претставува еднократна отплата, делумна или целосна, на недоспеаниот дел од Кредитот за која Корисникот го известил Кредиторот дека врши делумна или целосна предвремена отплата, и поднел соодветно барање за предвремена отплата.
1.36. Претплата,претставува секој неосновано уплатен износ над износот кој Корисникот требал да го плати на Датумот на отплата, согласно Амортизациониот план.
1.37. Неидентификувана уплата, преставува секоја уплата направена преку банкарски трансфер на Сметка на Кредиторот која не содржи доволно податоци за да може уплатата да се идентификува или поврзе со Корисник.
1.38. Профил е Личниот профил на Корисникот креиран на Веб – страната, кој е достапен откако Корисникот ќе ги внесе своето корисничко име и лозинка (логирање). При логирањето на Профилот за прв пат Корисникот внесува автоматски генерирана лозинка, којашто мора веднаш да ја замени со нова единствена лозинка којашто ќе му биде позната само на Корисникот. Пристапот до Профилот е дозволен само со внесување на корисничкото име и лозинка на Корисникот, коишто го идентификуваат Корисникот. Корисникот е целосно и единствено одговорен за сите последици што произлегуваат од секоја погрешна употреба и секоја злоупотреба на Профилот од страна на било кое трето лице.
1.39. Страна(и) се Корисникот и Кредиторот.
1.40. Телефонски број е секој телефонски број кој се користи од страна на Корисникот или тој што му е доставен на Кредиторот од страна на Корисникот наведен во Договорот за кредитен лимит, Прилогот, Профилот на Веб страната, Подружниците на Кредиторот или преку кредитни посредници.
1.41. Носители на јавни функции се физички лица на кои им е или им била доверена јавна функција во Република Северна Македонија или во друга држава, и се сметаат за носители на јавна функција најмалку две години по престанокот на извршување на јавната функција. Поимот „носители на јавни функции“ вклучува членови на семејството на носителот на јавна функција, како и лице кое се смета за близок соработник на носителот на јавна функција.
2. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА КРЕДИТЕН ЛИМИТ
2.1. Секој Корисник склучува Договор за кредитен лимит при првото поднесување на Барање за кредит. Договорот за кредитен лимит се склучува во писмена форма или преку друг траен медиум во согласност со овие Општи услови.
2.2. Договорот за кредитен лимит стапува на сила кога ќе биде потпишан своерачно или електронски со внесување на единствен електронски код испратен преку СМС Системот на Кредиторот на телефонскиот број на Корисникот.
2.3. Договорот за кредитен лимит се склучува на неопределен временски период и ќе остане на сила се додека не се раскине од некоја од договорните страни, на начин предвиден во овие Општи услови.
2.4. Со склучување на Договорот за кредитен лимит, Кредиторот му одобрува на Корисникот неограничен број пати да аплицира за Кредит, во рамките на Кредитниот лимит, за целото времетраење на Договорот за кредитен лимит преку поднесување на Барање за кредит, и да склучи договор за потрошувачки кредит доколку неговото барање е одобрено.
2.5. При поднесување на првото Барање за кредит, Корисникот мора да даде Изјава за согласност, да се согласи со овие Општи услови, како и да даде Изјава за носител на јавна функција. Корисникот е согласен дека дадените изјави се однесуваат и се применливи за секое наредно поднесено Барање за кредит.
2.6. Корисникот е единствено одговорен за точноста на податоците внесени при поднесување на првото, како и секое наредно Барање за кредит. За било какви грешки при пополнување на податоци, настанати по вина на Корисникот, Кредиторот не сноси одговорност и сите последици од таквите грешки паѓаат на товар на Корисникот.
2.7. Доколку не е Носител на јавна функција, корисникот може да изјави дека не е Носител на јавна функција преку Веб страната и да поднесе Барање за кредит онлајн преку Профил на Веб – страната или СМС системот. Корисникот кој е Носител на јавна функција, Барањето за кредит го поднесува во некоја од филијалите на Кредиторот, и дава своерачно потпишана Изјава за носител на јавна функција. Кредиторот може да го одбие Барањето за кредит на Носител на јавна функција.
2.8. Секој одобрен Кредит се исплаќа и отплаќа во согласност со условите на Договорот за кредитен лимит и овие Општи Услови.
3. СКЛУЧУВАЊЕ НА ПРИЛОГ КОН ДОГОВОР ЗА КРЕДИТЕН ЛИМИТ
3.1. Доколку Барањето за кредит на Корисникот е одобрено, Страните склучуваат Прилог кон Договорот за кредитен лимит, кој преставува договор за потрошувачки кредит со кој Страните ги уредуваат посебните услови на Кредитот и ги утврдуваат Провизиите кои Корисникот е должен да ги плати при редовна отплата на Кредитот. Доколку Корисникот побарал користење на незадолжителни Дополнителни услуги, во Прилогот Договорните страни ги утврдуваат провизиите за користење на дополнитлени услуги и начинот на отплата.
3.2. Корисникот има право да поднесе Барање за кредит, и да склучи Прилог по одобрување на Барањето за Кредит, само доколку претходно одобрениот и исплатен Кредит е отплатен во целост. Корисникот поднесува Барање за кредит за секој Кредит којшто се издава во рамките на Кредитниот лимит во некоја од Подружниците на Кредиторот, преку својот Профил на Веб страната, преку СМС Системот на Кредиторот или преку кредитните посредници на Кредиторот.
3.3. Страните се согласуваат дека второто и секое наредно поднесено Барање за кредит, претставува потврда дека Корисникот се согласува со склучување на Прилог кон Договорот за кредитен лимит, коишто се генерира автоматски, по поднесување и одобрување на Барањето за кредит, а Прилогот заедно со сите измени и анекси ќе биде достапен за Корисникот онлајн преку Профил на Веб – страната или во подружниците на Кредиторот.
3.4. Прилогот се склучува во писмена форма или преку друг траен медиум. Прилогот стапува на сила кога ќе биде потпишан своерачно или електронски со внесување на единствен електронски код испратен преку СМС Системот на Кредиторот на телефонскиот број на Корисникот. Прилогот може да биде предмет на измени по претходно барање или на друг начин слободно изразена волја од страна на Корисникот. Волјата за измена на Прилогот може да се изјави со зборови, вообичаени знаци или друго однесување од кое со сигурност може да се заклучи за нејзиното постоење и може да се изјави и со помош на различни комуникациски средства (телефон, Профил на Корисникот и други). Кредиторот му го доставува на Корисникот Прилогот на неговиот Профил и/или Е-маил на Корисникот. По приемот на секое наредно Барање за кредит и откако Корисникот се согласил со Износот и посебните условина Кредитот, ги одбрал Дополнителните услуги кои сака да ги користи, Кредиторот му го доставува на Корисникот Прилогот на неговиот Профил и/или Е-маил. Корисникот се согласува дека Прилогот станува полноважен и обврзувачки веднаш по прикачување на неговиот Профил и/или испраќање на е-маил адресата.
3.5. Корисникот е должен да ја врши отплатата на Кредитот, и сите други побарувања кои произлегуваат од Прилогот, согласно Амортизациониот план кој е составен дел на прилогот. Амортизациониот план, по барање на Корисникот може да биде изменет, за што ќе биде склучен соодветен анекс. Корисникот се согласува дека анексите на Прилогот стануваат полноважни и обврзувачки веднаш по прикачување на анексот на неговиот Профил и/или испраќање на анексот на Е-маил на Корисникот.
3.6. Прилогот преставува основ за исплата на Износот на кредитот, на начин на кој побарал Корисникот при поднесување на Барањето за кредит.
3.7. Во согласност со барањето на Корисникот, а по разгледување и оцена на кредитната способност, одобрување на барањето и верификување на доставените информации и/или документи (каде што е применливо), Кредиторот го исплаќа секој Износ на кредитот преку банкарски пренос на банкарска сметка на Корисникот. Постапката за разгледување и одобрување на Барањето за кредит, оценка на кредитната способност на Корисникот и верификација на доставените информации и/или документи, трае до 14 (четиринаесет) дена сметано од денот на поднесување на Барањето за кредит.
3.8. По барање на Корисникот, Износот на кредитот може да биде исплатен во готовина во Подружниците на Кредиторот за што Кредиторот пресметува Провизија за исплата во готово во подружница, согласно Тарифите.
3.9. Корисникот е согласен дека исплатата на кредитот Кредиторот ќе ја изврши по одобрување на Барањето за кредит, а во рамките на работното време на Кредиторот и на учесниците во платниот промет (банки). Доколку исплатата на кредитот се врши преку банкарски пренос на трансакциска сметка на Корисникот, во одредени случаи како што се неработни денови, празници и слично, исплатата на одобрениот Износ на кредитот ќе биде извршена првиот нареден работен ден.
3.10. Корисникот има право да побара итно разгледување на Барањето за кредит, вклучувајќи ја и верификацијата на доставените информации и/или документи, за што Кредиторот пресметува Провизија за итно процесирање, согласно Тарифите. Доколку, по барање на Корисникот, исплатата на Износот на кредитот се врши во готовина, Корисникот е согласен дека Износот на кредитот може да го подигне од најблиската подружница на Кредиторот во текот на работното време на Кредиторот.
3.11. Износот на кредитот нема да биде исплатен на Корисникот доколку Корисникот погрешно ја навел банкарската сметка или другите податоци во Барањето за кредит се невистинити и неподобни за проверка, а Договорот за кредитен лимит, односно Прилозите ќе станат неважечки, за што Кредиторот соодветно го информира Корисникот. Во случај износот на кредитот да не му е издаден на Корисникот, поради недоволна кредитна способност на истиот, Договорот за кредитен лимит, односно Прилозите стануваат неважечки и Кредиторот го информира Корисникот на кредитот за тоа соодветно. Во секој случај, Кредиторот може да одбие да постапи по Барањето за кредит во секое време, во согласност со внатрешните деловни политики на Кредиторот, преку информирање на Корисникот на кредитот за истото.
3.12. По претходно поднесено барање од страна на Корисникот, Износот и посебните условите на Кредитот утврдени во Прилогот може да бидат изменети согласно барањето на Корисникот, за што ќе биде склучен соодветен Анекс на Прилогот. Одобрувањето на барањето на Корисникот подлежи на Провизии согласно Тарифите на Кредиторот.
4. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА КРЕДИТЕН ЛИМИТ
4.1. Кредиторот може еднострано да го раскине Договорот за кредитен лимит без отказен рок во следниве случаи:
1) Доколку Корисникот доцни со отплата или исполнување на било која друга обврска од Договорот за кредитен лимит подолго од 5 (пет) дена од датумот на доспевањето; 2) Доколку Корисникот дал погрешни информации при поднесување на Барањето за кредит или не го известил Кредиторот за нивна измена; 3) Доколку Корисникот има доспеани неплатени обврски кон трети лица (влошена кредитоспособност); 4) Доколку над Корисникот е отворена стечајна постапка; 5) Доколку Кредиторот дознал дека на Корисникот му престанал работниот однос или кога Корисникот не може да докаже дека има редовни приходи; 6) Ако Кредиторот не може веќе да му исплаќа кредит на Корисникот, од причини по вина на Корисникот, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на случаите кога банкарската сметка на Корисникот е блокирана или затворена, па преносот на Износот на кредитот не може да се изврши; 7) Доколку Кредиторот утврдил дека Корисникот станал носител на јавна функција. 8) Доколку Кредиторот ја изгуби правната и деловна способност за вршење на финансиска дејност;
Кредиторот има право еднострано да го раскине Договор за кредитен лимит во секое време со отказен рок од 30 дена. Во случај на еднострано раскинување на Договорот за кредитен лимит од страна на Кредиторот, сите побарувања веднаш доспеваат и се наплатливи.
4.2. Корисникот има право да го раскине Договорот за кредитен лимит со поднесување на писмено известување до Кредиторот. Со раскинување на Договорот за кредитен лимит, се раскинуваат сите Прилози кон Договорот за кредитен лимит и побарувањата кои произлегуваат од нив доспеваат во целост на денот на Раскинување и Кредиторот има право да бара од Корисникот предвремена отплата на договорените плаќања (договорна камата, провизии за администрирање, провизии за неисполнување на договорни обврски и други трошоци) за периодот до денот на раскинување, целосна отплата на провизиите за искористени дополнителни услуги, како и законска казнена камата во случај на задоцнување сè до денот на исплата на сите договорени плаќања.
4.3. Раскинување, престанок или откажување на склучен Прилог кон Договорот за кредитен лимит, нема да значи раскинување или престанок на Договорот за кредитен лимит.
5. ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ
5.1. Четиринаесет (14) дена по склучување на Прилог, Корисникот може да го искористи правото за откажување од договор за потрошувачки кредит, со известување до Кредиторот во писмена форма. За остварување на ова право, Корисникот може да го користи однапред пропишаниот формулар, или пак дa состави свое известување и да го достави во една во подружниците или преку електронска пошта [email protected].
5.2. Доколку Корисникот го искористи правото на откажување, должен е да ја плати главнината и каматата за периодот од искористувањето на кредитот до денот на плаќање на главнината, веднаш но не подоцна од 30 дена од денот на известувањето на Кредиторот за откажувањето од кредитот. Каматата се пресметува врз основа на договорната каматна стапка.
5.3. Кредиторот има право на надоместок на неповратните трошоци платени во врска со договорот за кредит кон јавни или државни органи. Доколку кредитот е исплатен на трансакциска сметка на Корисникот, исплатените парични средства задолжително се враќаат на сметката на Кредиторот преку банкарски трансфер. Доколку Износот на кредитот е исплатен во готовина, Корисникот може да направи поврат на паричните средства преку банкарски трансфер или во една од подружниците на Кредиторот.
Известување за откажување од договор за потрошувачки кредит во рок од 14 дена.
Известување за откажување од договор за потрошувачки кредит во рок од 14 дена на далечина.
6. ПРАВО НА ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА
6.1. Корисникот има право во кое било време да го плати, целосно или делумно, недостасаниот дел од Кредитот со поднесување на писмено барање за предвремена отплата во една од подружниците на Кредиторот. Во случај Корисникот да изврши плаќање кое го надминува достасаниот износ за плаќање, а не поднел писмено барање за предвремена отплата до Кредиторот, во кое ја изразил намерата за целосна или делумна предвремена отплата, истото нема да се смета како предвремена отплата, туку како Претплата.
6.2. Во случај на предвремена отплата, Корисникот има право на намалување на вкупните трошоци на кредитот, кое се состои од каматата и другите трошоци за преостанатиот период на траење на договорот за потрошувачки кредит.
6.3. Кредиторот има право на праведен надоместок за трошоците директно поврзани со предвремената отплата на кредитот. Таквиот надоместок не смее да надмине 1% од износот на предвреме отплатениот кредит, доколку периодот меѓу предвремената отплата и рокот на траење на договорот за потрошувачки кредит се случи во период подолг од една година од рокот на траење на договорот за потрошувачки кредит, односно не повеќе од 0.5%, доколку предвремената отплата се случи во период не подолг од една година од рокот на траење на договорот за потрошувачки кредит.
6.4. Корисникот е должен дa го намири во целост надоместокот за предвремена отплата на Кредитот на денот на целосната или делумна предвремена отплата на кредитот.
7. ПРОВИЗИИ
7.1. Корисникот плаќа камата на Кредиторот, согласно договорна камата, за фактичкиот период на користење на исплатениот Износ на кредитот. Каматата се пресметува во согласност со Договорната каматна стапка под претпоставка дека годината има 360 дена. Кредиторот може самостојно да ја намали каматната стапка во секое време.
7.2. Корисникот плаќа провизија за неисполнување на договорните обврски, која претставува надомест за трошоците на Кредиторот ако Корисникот не ги направи договорените отплати во роковите утврдени во Прилогот. Провизијата за неисполнување на договорните обврски за отплата на кредитот се утврдува со важечките Тарифи коишто се достапни на Веб страната - и во Подружниците на Кредиторот.
7.3. Корисникот плаќа провизии за услуги на Кредиторот (вклучувајќи, но неограничувајќи се на провизија за издавање и администрирање на кредит и договорна камата), провизии за користење на дополнителни услуги кои не се задолжителни за одобрување на кредитот (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на провизија за одложување на рокот за отплата, провизија за трансформација на начинот на отплата, провизија за исплата во готово, провизија за итно процесирање и други) провизии за неисполнување на договорните обврски, казнена камата и други казни во случаите наведени во Договорот за кредитен лимит и Прилогот, а во согласност со важечките Тарифи.
7.4. Корисникот му ги отплаќа на Кредиторот Износот на кредитот, каматата и другите договорени плаќања и провизии во согласност со условите утврдени во Прилогот.
7.5. Корисникот може да ја одложи отплатата на кредитот најмногу до истекот на продолжениот рок за отплата на кредитот или да го измени амортизациониот план, со плаќање на Провизија за одолжување на рокот за отплата, согласно интерните правила и процедури на Кредиторот.
7.6. Одложениот Рок за отплата, а со тоа и измените во Прилогот ќе влезат во сила кога плаќањето на Провизијата за одложување на рокот за отплата е уредно примено од страна на Кредиторот, на банкарска сметка или во Подружница, а во спротивно одложениот Рок за отплата, а со тоа и измените во Прилогот се смета дека се неважечки.
7.7. Ако Рокот на отплата на кредитот е одложен, за време на веќе одложен рок, Корисникот му плаќа на Кредиторот провизија за одложување во согласност со важечката Тарифа, но плаќањето на другите договорени плаќања е одложено.
7.8. Ако Корисникот доцни со отплата на кредитот, Кредиторот има право да наплати провизија за неисполнување на договорните обврски за плаќање на Kредитот во согласност со важечките Тарифи објавени на Веб-страната и во Подружниците на Кредиторот.
8. НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРНИ ОБВРСКИ
8.1. Во случај на ненавремено исполнување, непочитување или прекршување на договорните обврски наведени во Договорот за кредитен лимит, односно Прилогот, Кредиторот има право да пресметува казнена камата сметано од денот на доспевање на побарувањето па се до денот на конечна наплата, како и да пресмета и наплати казни и провизии за неисполнување на договорни обврски согласно Тарифите на Кредиторот.
8.2. Ако Корисникот доцни со отплатата на Износот на кредитот, казнена камата за задоцнетото плаќање се пресметува и наплаќа на неплатениот дел од отплатата на кредитот, за секој ден задоцнување.
8.3. Кредиторот има право да поведе постапка пред надлежни органи за присилна наплата на долгот, согласно применливите правни прописи.
9. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ. ОСТАНАТИ ПРАВИЛА
9.1. Корисникот го информира Кредиторот за секоја измена на податоците наведени во Договорот за кредитен лимит (вклучувајќи ја и електронската адреса на Корисникот, телефонскиот број, банкарската сметка), за личната идентификација или за работното место, во рок од 5 работни дена, со повик од својот телефонски број, преку својот Профил на Веб - страната или во подружниците на Кредиторот.
9.2. Кредиторот може да побара потврда за променети информации на Корисникот, преку Телефонскиот број на Корисникот, преку Профилот на Веб - страната, во Подружниците на Кредиторот или на друг начин во согласност со правилата на Кредиторот.
9.3. Идентификацијата на Корисникот преку Телефонски број и телефонските разговори со Корисникот се обврзувачки за двете страни, ако Корисникот го користел пријавениот Телефонски број за телефонскиот повик и ако за време на повикот бараната информација за Договорот за кредитен лимит му е дадена на Кредиторот. Кредиторот ги снима телефонските разговори.
9.4. Профил на Корисникот е креиран на Веб - страната, а почетната лозинка е испратена преку Електронска пошта и на Телефонскиот број на Корисникот. На барање на Корисникот, Кредиторот ќе креира Профил во име и за сметка на Корисникот, за што веднаш ќе го информира Корисникот и ќе му ги достави корисничкото име и лозинката.
9.5. Кредиторот може, по свое наоѓање, да ја прекине комуникацијата по телефон со користење на пријавениот Телефонски број или преку Профилот на Веб - страната, да спроведе идентификација на Корисникот и да бара извршување на одредено дејствие во Подружниците на Кредиторот. Корисникот со ова потврдува дека ја прифаќа ваквата одлука.
9.6. Идентификацијата на Корисникот и комуникацијата со истиот преку Профилот и Веб - страната е обврзувачка за двете страни. Со потпишувањето на Договорот за кредитен лимит, Корисникот потврдува дека е согласен и свесен за правилата за користење на Веб – страната и Профилот наведени во Договорот за кредитен лимит и на Веб-страната.
9.7. Корисникот може да добие бесплатни информации за своите договорени обврски со повик од својот телефонски број или преку својот Профил на Веб - страната во форма на амортизационен план, а за издавање на секоја друга форма и вид на потврда и информација, Кредиторот има право да наплати соодветен трошок согласно важечката тарифа во моментот на издавање на потврдата, односно информацијата. Ако Корисникот задоцнил со било кое плаќање утврдено со Прилогот, Кредиторот може да му испрати опомена.
9.8. Кредиторот го дефинира редоследот на исполнување на обврските на Корисникот на кредитот од Договорот за кредитен лимит. Корисникот изјавува дека го прифаќа секое плаќање извршено од трето лице во име и за сметка на Корисникот направено во подружницата на Кредиторот, како и дека со така извршените плаќања, Кредиторот може да ги затвори обврските на Корисникот кои произлегуваат од Договорот за кредитен лимит. Корисникот изјавува дека е согласен Кредиторот да ги потврди информациите дадени од трето лице кое ја врши уплатата во подружницата на Кредиторот во однос на висината на долгот за кој третото лице врши уплата. Корисникот изјавува дека нема да го смета Кредиторот за одговорен по ниту еден основ ниту да побарува било каква штета од него поради потврдување на информации дадени од трето лице кое ја врши уплатата, а во однос на висината на долгот.
9.9. Корисникот, односно третото лице е должно при секоја уплата на Сметка на Кредиторот да наведе доволно податоци со цел уплатата да може да се идентификува и поврзе со Корисникот. Ќе се смета дека Корисникот, односно трето лице, навел доволно информации за идентификација на уплатата доколку при уплатата се наведени матичниот број на Корисникот и бројот на Договорот за кредитен лимит или бројот на Прилогот кон Договор за кредитен лимит. Корисникот може да го контактира Кредиторот со цел добивање на точниот број на Договорот за кредитен лимит, односно Прилогот. Доколку уплатата ја прави трето лице, Корисникот е должен да му ги обезбеди на третото лице потребните информации за успешна идентификација на уплатата.
9.10. Доколку Кредиторот утврди дека е направена Неидентификувана уплата, тоа плаќање ќе се смета за невалидно се до моментот на идентификација, а Клиентот ги сноси сите последици од задоцнето плаќање. Кредиторот нема обврска да преземе дополнителни дејства за идентификација на уплатата и не сноси одговорност за било каква штета која може да настане како резултат на Неидентификувана уплата. Во случај на Неидентификувана уплата Корисникот, односно третото лице е должно да поднесе до Кредиторот писмено барање за идентификација на уплатата во кое ќе наведе по кој основ е направена уплатата.
9.11. Корисникот е должен да врши уплати согласно амортизациониот план и Кредиторот не е одговорен за уплати кои го надминуваат износот кој Корисникот му го должи на Кредиторот согласно Прилогот. Кредиторот нема обврска да преземе дополнителни дејства и не сноси одговорност за било каква штета која може да настане како резултат на направена неоснована Претплата. Корисникот изјавува дека е запознаен и се согласува секоја Претплата да се смета и да преставува авансна уплата за затворање на идни обврски во рамките на Договорот за кредитен лимит, освен ако Корисникот изречно не побара враќање на Претплатата. Доколку Корисникот нема идни обврски спрема Кредиторот должен е да побара поврат на Претплатата, при што ќе наведе дека уплатата е направена без основ, и ќе достави трансакциска сметка на која сака да биде извршен повратот. Доколку Претплатата е износ за кој банкарска провизија за уплата на средствата на сметка на Корисникот трансфер е повисока од износот кој се враќа, Кредиторот нема да изврши поврат на таквиот износ.
9.12. Во случај ако Корисникот уплати сума во износ кој не е доволен за да ги отплати сите доспеани износи согласно Прилогот и Амортизациониот план до датумот на уплатата (помалку уплатен износ), со уплатата се отплаќаат прво трошоците во врска со неисполнување на обврската на Корисникот за отплата на кредитот и провизиите за користење на дополнителни услуги, а со преостанатиот износ се затвораат доспеаната камата, провизиите за кредитот и користењето на дополнителни услуги, и главницата на кредитот.
9.13. По барање на Корисникот, кредитниот лимит може да се зголеми од страна на Кредиторот со проценување на кредитната способност на Корисникот.
9.14. Кредиторот може да одлучи да го промени кредитниот лимит по исполнување на предвидени интерни критериуми од страна на клиентот, во секое време, ако според неговата проценка кредитната способност на Корисникот се сменила и притоа го известува Корисникот на кредитот за истото.
9.15. Кредиторот може да пренесе (отстапи) побарувања или делови од побарувањата, кои произлегуваат од Договорот за кредитен лимит, на неограничен број трети лица (доверители), во целост или делумно, со можност Кредиторот за да го задржи правото да го сервисира Договорот за кредитен лимит по сопствена одлука.
9.16. Корисникот на кредитот е информиран дека во случај на отстапување на побарувањата или нивни делови коишто произлегуваат од Договорот за кредитен лимит, истиот останува непроменет и во случај на отстапување (цесија) третите лица (доверителите) стануваат доверители на Кредиторот, коишто можат да ги отстапат побарувањата или нивни делови што произлегуваат од Договорот за кредитен лимит на неограничен број други трети лица.
9.17. Врз основа на понудата од страна на Кредиторот и на третите лица (доверителите) за стекнување и отстапување на побарувањата или на нивните делови коишто произлегуваат од договорот на други трети лица, тие можат да ги откријат приходите, расходите, кредитната историја, име, презиме, полот, возраста, адресата на Корисникот на кредитот, како и други информации од Договорот за кредитен лимит потребни за исполнување на целта заради која се откриваат, и /или заради исполнување на законска обврска на Кредиторот, вклучително и упис во соодветни јавни регистри.
9.18. Корисникот продолжува да му ги отплаќа договорените износи согласно Прилогот на Кредиторот или на третите лица (доверители) во случај на отстапување на побарувањата без задржување на правото на сервисирање на кредитот, освен доколку Кредиторот не го извести Корисникот за спротивното.
9.19. Корисникот е информиран дека Кредиторот има право и може со договор за залог да ги заложи побарувањата кои произлегуваат од Договорот за кредитен лимит, во согласност со Законот за договорен залог.
9.20. Во случај на макроекономска нерамнотежа која ќе резултира со најмалку 5 % девалвација на средниот курс на еврото во денари (ЕУР/МКД) како еднострана мерка на НБРСМ или 5 % депрецијација на средниот курс на еврото во денари, мерени преку зголемување на средниот курс на ЕУР/ МКД објавен од страна на НБРНМ на нејзината веб страна, Давателот на кредит го задржува правото да ги корегира и зголеми за истиот процент на девалвација/депрецијација сите обврски на Корисникот на кредит спрема Давателот на кредит согласно Договорот за кредит (вклучувајќи, но неограничувајќи се на обврските по основ на главницата, каматата и сите провизии.
10. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
10.1. Корисникот изјавува дека е запознаен и се согласува со Политиката за приватност на личните податоци на Корисници направена достапна од страна на Кредиторот на Веб-страната и во регистрираните подружници.
10.2. Корисникот се согласува неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на Кредиторот (вклучувајќи го и периодот по поднесувањето на барањето за кредит) и му дозволува на Кредиторот да ги испрати и пренесе податоците на Корисникот на кредитот на било кои трети лица (обработувачи и корисници) во земјата и странство, вклучително Заложниот регистар при Трговскиот Регистар на Република Северна Македонија и агенции за наплата на побарувања во име и за сметка на Кредиторот, како да прибавува информација за процена на кредитната способност на Корисникот во Македонското кредитно биро и на сите други достапни јавни регистри во Република Северна Македонија.
10.3. Кредиторот може да развива кредитна историја на Корисникот за обврските на Корисникот и може да пренесува податоци за Корисникот на други доверители на Кредиторот (вклучувајќи ги и идните доверители).
10.4. Обработката на податоците на Корисникот за обезбедување, понудување и одржување на услугите предмет на Договорот за кредитен лимит, е регистрирана во Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, во која Кредиторот е регистриран како контролор на лични податоци.
11. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
11.1. Со потпишување на Договорот за кредитен лимит, Клиентот потврдува дека ги прочитал и ги разбрал овие Општи услови, и дека е запознаен дека истите се составен дел од Договорот за кредитен лимит.
11.2. Корисникот изјавува дека е запознаен и согласен дека Општите услови може да бидат изменети во било кое време од страна на Кредиторот и дека измените на истите ќе бидат објавени на Веб страната на Кредиторот (http://www.tigo.mk), како и дека Кредиторот не е обврзан лично да го извести Корисникот за направените измени. Корисникот се смета дека е информиран од страна на Кредиторот за секакви измени на Општите услови за кредитирање на денот кога истите се објавени на Веб-страната.
11.3. Во случај на спор меѓу страните, истиот може да се реши спогодбено, односно вонсудски, по пат на порамнување или медијација. Доколку страните не можат да го решат спорот спогодбено, односно вонсудски истиот ќе биде решен од страна на надлежен суд како што е утврдено со важечките закони.
11.4. Орган кој врши контрола на усогласеност со Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити е:
Министерство за финансии
Ул. Даме Груев бр. 12, 1000 Скопје
Тел.: +389 2 3 255 300
Факс: + 389 2 3255 721
Е-маил: [email protected]