Прашања и одговори

Основни информации

  • Што е ТИГО?

    Tigo.mk е финансиско друштво кое нуди краткорочни кредити на физички лица. 

  • Зошто ТИГО?

    Првиот Тиго кредит со еднократна отплата до 30 дена е бесплатен!  Колку ќе земете - толку ќе вратите!

    • Исплата во кеш во филијала 
    • Исплата на сметка
    • Можност за повеќекратна отплата на кредит со еднократна отплата
  • Каде се наоѓате?

    Секаде каде што нашите клиенти имаат потреба од нашите услуги:

     

    • Интернет – www.tigo.mk;
    • Филијали на ТИГО има во Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Куманово, Охрид, Струга, Прилеп, Струмица, Штип, Радовиш, Кавадарци, Кичево, Крива Паланка, Кочани, Велес, Гевгелија и Неготино

Видови кредити и трошоци

  • Какви кредити нудите?

    Кредит од 500 до 200.000 денари, со рок на отплата од 30 дена. Дополнително во рамките на овој кредит, постои можност за отплата на подолг временски период, со повеќекратни плаќања на 3, 6, 12, 18 и 24 месеци. Користењето на оваа опција подлежи на провизија.

  • Колку пари можам да позајмам?

    Можете да позајмите oд 500 до 200.000 денари. Максималниот износ на пари што ние ќе Ви го одобриме може да го дознаете преку пополнување на апликацијата. Со аплицирање ќе може да дознаете колкав  е износот кој Ви го нудиме ние.

  • Колкави се трошоците за кредит?

    Трошоците за кредит зависат од неколку фактори:

     

    1. Дали сте нов или повторен клиент (Првиот кредит со еднократна отплата за 30 дена е бесплатен)
    2. Сумата којашто сакате да ја подигнете
    3. Начинот на исплата на средствата
    4. Начинот на отплата на кредитот

     

    За повеќе информации за трошоците употребете го нашиот калкулатор за трошоци.

     

     

  • Дали има трошоци за поднесување на апликација?

    Не. Аплицирањето на секој од понудените начини е бесплатно!

  • Дали има трошоци за одобрување на кредит?

    Не. Вие може да аплицирате за кредит и истиот да Ви биде одобрен, но ако не ги користите парите од Вашиот одобрен кредит, немате никакви трошоци.

  • Аплицирав за 10.000 денари, а ми одобривте 15.000 денари. Зошто?

    Нашата најнова и автоматизирана технологија овозможува да ја процениме Вашата кредитна способност за само 30 секунди и да Ви понудиме максимален износ којшто Вие имате право да го подигнете. Секако, колку пари од одобрениот максимален износ ќе подигнете е Ваш личен избор.

Аплицирање за кредит

  • Како да ја пополнам апликацијата на веб-страната?

    Чекор 1

    - Изберете износ на кредитот на веб-страната;

    - Име и презиме;

    - Внесете Ваш телефонски број;

    - Внесете ЕМБГ (единствен матичен број).

    - Потоа, означете го празното поле за потврда дека се согласувате да ги обработиме Вашите податоци.

     

    Чекор 2

    - Внесете ги следниве податоци:

    - E-mail адреса;

    - Адреса на живеење;

    - Одберете го начинот на исплата на кредитот.

     

    Чекор 3

    - Потврдете го посакуваниот износ од Вашиот кредит;

    - Потпишете го договорот за кредит со внесување на кодот добиен по СМС на Вашиот мобилен телефон!

     

    За полесно пополнување на апликацијата следете ги чекорите од видеото подолу:

     

  • За колку време ќе ми одговорите?

    Нашиот систем за оценување на кредитната способност е автоматизиран. Тоа овозможува да Ви одговориме за само 30 секунди од моментот на добивање на апликацијата.

  • Како ќе знам дали ми е одобрен кредитот?

    За 30 секунди по поднесување на апликацијата за интернет кредит, Вие ќе добиете СМС-порака во која Ве известуваме дали кредитот Ви е одобрен.

    Доколку аплицирате во филијала, одговор добивате веднаш, на самото место. 

  • За колку време кредитот ќе биде исплатен на мојата платежна сметка?

    При итно процесирање на апликацијата, исплатата ја вршиме секој час, а најдоцна до 18 часот, од понеделник до петок, доколку Вашата сметка се наоѓа во една од следниве банки:

     

    • Комерцијална банка А.Д.- Скопје
    • НЛБ Банка АД Скопје
    • Стопанска Банка А.Д.- Скопје
    • УНИ Банка АД Скопје
    • Шпаркасе Банка АД Скопје
    • Халк Банка АД Скопје

     

    *Доколку Вашата сметка не е во една од банките наведени погоре, исплата се врши најдоцна до 16 часот во тековниот ден.

    **При одложено процесирање на апликацијата, исплатата се врши по истекот на 14 дена, односно по процесирање на истата.

  • За колку време кредитот ќе биде исплатен доколку изберам кеш?

    Исплатата ја вршиме веднаш во филијалите, штом аплицијата се испроцесира.

  • Дали можам да аплицирам за кредит, доколку веќе имам кредит/долг во друга компанија?

    Да. Доколку редовно го отплаќате Вашиот кредит во другите компании, нема да претставува проблем одобрувањето и исплаќањето на кредитот за кој аплицирате. За да ја провериме Вашата кредитна способност, поднесете апликација на овој линк.

  • Kога можам да аплицирам за следен кредит?

    Веднаш штом го отплатите тековниот кредит!

  • Кога можам да поднесам нова апликација за кредит, ако претходната ми е одбиена?

    По истекот на 30 дена откако Ви е одбиена апликацијата, може да аплицирате повторно.

  • Можам ли да користам повеќе кредити во исто време?

    Нe. Имајќи предвид дека ги поттикнуваме нашите клиенти да бидат одговорни, ние нудиме користење на само еден кредит во одреден временски период. Секако, по целосна отплата на првиот, веднаш можете да аплицирате за нов кредит.

  • Зошто ми е одбиена апликацијата за кредит?

    Вашата апликација може да биде одбиена доколку:

    • Имате тековен доспеан долг кон друга финансиска институција
    • Сте доцнеле во минатото во ФИНМАК ДОО Скопје или друга финансиска институција по финансиски обврски (кредити, кредитни картички, трансакциски сметки или комуналии)
    • Не го исполнувате предусловот и имате помалку од 18 години.

    Одбивањето на апликацијата е согласно со моменталните критериуми на ФИНМАК ДОО Скопје. Сепак, тоа не значи дека не може во иднина да Ве кредитираме. Можете да аплицирате за 30 дена со поднесување на нова апликација.

  • Дали е потребен залог или гаранција за добивање на кредит?

    Нe. ФИНМАК ДОО Скопје не бара ниту залог, ниту гаранција, ниту жиранти.

  • Како знам дека е сигурно?

    Работењето на Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е регулирано согласно „Законот за финансиските друштва“ и е одобрено од страна на Министерството за финансии со Решение бр.13-6093/4.

  • Дали моите лични податоци се заштитени и безбедни?

    Целосно!

    Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е регистрирано како Контролор на лични податоци од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија под број 2177. Сите податоци се заштитени и се обработуваат согласно строгите одредби на Законот за заштита на личните податоци, користејќи ја најновата технологија за чување и обработка на податоци.

Договор за кредит

  • Што е договор за кредит?

    Со овој договор за кредит ФИНМАК ДОО СкопјеВи одобрува максимален износ на пари кои можете да ги искористите.

  • Како да го потпишам договорот за кредит?

    Онлајн! Ние Ви овозможуваме да го прегледате договорот за кредит на Вашиот кориснички профил и истиот да го потпишете со внесување на СМС-кодот кој го добивате во порака на Вашиот мобилен телефон. Начинот на потпишување на договорот е согласно постоечката законска регулатива во Република Северна Македонија. Доколку имате проблем, контактирајте нè на телефон 13 700.

  • Дали морам да го повлечам максимално одобрениот износ?

    Не мора. Вие можете да подигнете онолку пари колку што Ви се потребни во тој момент.

     

    Пример:

    Aплицирате за износ:  10.000 ден.   

    Ви одобруваме:            15.000 ден.

    Подигате:                      10.000 ден.

Отплата на кредити

  • Дали е дозволено продолжување на рокот за отплата на кредит?

    Да. Доколку сакате да го продолжите рокот за отплата на кредитот, јавете се на телефонскиот број 13 700

    Рокот на отплата за Тиго Старт - кеш кредит со еднократна отплата може да се одложи за 7, 14 или 30 дена

    Доколку сте постоен клиент, рокот на отплата може да се одложи за 7, 14 или 30 дена (со трошок за провизија од 8%, 12% или 18% соодветно, од преостанатата главница)

  • Како да го вратам кредитот?

    Во некоја од нашите филијали може да го отплатите Вашиот кредит во кеш брзо и едноставно!

     

    Во која било банка на една од сметките:

     

    Комерцијална банка: 300000004136116

    ✔ НЛБ Тутунска банка: 210072297120169;

    ✔ Стопанска банка Скопје: 20000332442075 5. 

    ✔ УНИ банка Скопје: 240040110668976

     Шпаркасе банка Скопје: 250101000684892

    Халк банка АД Скопје: 270072297120176

  • Кога треба да го вратам кредитот?

    Кредитот треба да се отплати во рок од 30 дена или со повеќекратни отплати, во зависност од одбраниот начин на отплата;

    Напомена: Доколку веќе сте корисник на одобрен кредит, информациите поврзани со рокот на отплата можете да ги пронајдете во Вашиот договор.

  • Колку ќе должам на крајниoт рок за отплата на кредитот?

    На денот на доспевањето на кредитот, Вие сте должни да го вратите целосниот износ на кредитот којшто е составен од главница и провизија.

     

    За Вашето конкретно барање за износ и рок за отплата, Ве молиме користете го калкулаторот на овој линк.

  • Дали ќе ми пристигне известување дека ми е отплатен кредитот?

    Да, преку смс порака или е-маил ние ќе Ве известиме дека Вие немате повеќе долгови кон ФИНМАК ДОО Скопје и можете да аплицирате за следен кредит.

Технички прашања

  • Како да креирам кориснички профил?

    На почетната страна изберете го посакуваниот износ на кредит, како и рокот за отплата на истиот и кликнете на копчето “Аплицирајте”. Кликот ќе Ве однесе на страната за поднесување на апликација за кредит, каде што треба да ги пополните дадените полиња.
    Со поднесување на првата апликација, автоматски се креира и Вашиот профил.

  • Како да се логирам на мојот кориснички профил?

    Ако сте веќе постоечки клиент и имате регистиран кориснички профил на нашата веб страна, кликнете на копчето “Најавете се“ во горниот десен агол на почетната страна. По кликањето, потребно е само да внесете Ваш телефонски број и лозинка.

  • Што доколку ја заборавам лозинката на корисничкиот профил?

    Доколку сте ја заборавиле лозинката за пристап до Вашиот профил, Ве молиме кликнете на копчето “Најавeте се” во горниот десен агол. Потоа, кликнете најдолу на линкот "Заборавена лозинка". Потребно е да селектирате  телефонски број и да го внесете. По внесувањето, кликнете “обнови лозинка”. Ќе добиете смс порака со код (четирицифрен број) за промена на Вашата лозинка кој треба да го внесете. Откако ќе го внесете кодот, веднаш системски ќе ви биде испратен линк на Вашата e-меил адреса. Кликнете го линкот и системот веднаш ќе Ви понуди да креирате Ваша нова лозинка. Новата лозинка ќе треба да содржи 6 или повеќе карактери (со најмалку една буква и еден број). Откако ќе креирате нова лозинка директно ќе бидете префрлени до полето “Најавете се” за да пристапите на Вашиот постоечки профил.