За нас

Кои сме ние 

ФД ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. 

Веруваме дека секој треба да има пристап до пари кога му е најпотребно. 

 Наши вредности се:

  •  Целосна посветеност на нашите клиенти 
  •  Флексибилност и индивидуален пристап 
  •  Транспарентност во работењето 
  •  Взаемна доверба со нашите клиенти 
  •  Високи етички и морални вредности  

 

Ревидиран годишен извештај од независен ревизор за финансиското работење на компанијата во 2023 г.


Што нудиме?

Нудиме брзи кредити и тоа кредит со еднократна отплата до 30 дена од 500 до 150.000 ден. и кредит на рати со најфлекисбилна отплата од 3 до 24 месеци, во износи од 500 до 300.000 денари. При аплицирањето, добивате инстантен одговор за својот кредит, односно максималниот износ кој Ви е одобрен и може да го подигнете. 

Лесно, едноставно и според Вашите потреби 

Ние одговараме на Вашите потреби и желби и тогаш кога сте со ограничен пристап до пари. Нашите производи ги добивате на едноставен и удобен начин, со максимална транспарентност на условите и ниски вкупни трошоци.

Најбрз одговор и лесни критериуми за одобрување

Единствени сме на пазарот со најбрз систем за проценување на кредитна способност. Нашиот автоматизиран и интелигентен систем овозможува да обработиме голем број апликации во многу кус рок и веднаш да ја оцениме Вашата кредитна способност. Како резултат на тоа, ние одговараме за само 30 секунди и притоа со висока стапка на одобрени кредити.

Вие сте нашиот приоритет

Корисниците се нашиот главен фокус, ефикасноста наш метод на работа, а градењето доверба на долг рок е наш мотив. Нашите љубезни вработени кои можете да ги контактирате на 13 700 ќе Ви помогнат да изберете соодветен кредит за Вашите потреби и сето тоа брзо, лесно и транспарентно.  

Сè што треба да направите е да аплицирате за ТИГО брзи кредити online преку пополнување на оваа кратка апликација и да ги очекувате парите на Вашата сметка во најкус можен рок!

 

 

 
 
 
 
Назад