ПРИЈАВИ НЕПРАВИЛНОСТИ ТУКА!
TrustLine
Обрнуваме особено внимание и грижа за интегритетот, усогласеност со прописите и етичките норми и веруваме дека градењето на култура на доверба значи отворена можност да пријавиме недоследности или неправилности во било која ситуација.
TrustLine е систем за дојавување на неправилности на Eleving Group, матична компанија на Tigo.mk, каде што вработените во Tigo.mk и други засегнати страни, можат безбедно и анонимно да пријават било какво сомневање или искуство за чин на непрофесионално однесување. TrustLine е создаден и функционира на начин кој обезбедува комплетност, веродостојност и доверливост на информациите и оневозможува пристап до истите од страна на неовластени лица.
Кога да пријавите непрофесионално однесување преку TrustLine
Ве охрабруваме да пријавите какво било непрофесионално однесување кога ќе забележите:
- Повреда на деловната етика и деловните стандарди од страна на Tigo.mk или пак, трети лица кои го застапуваат Tigo.mk;
- Прекршување на политиките на Tigo.mk и вредностите на компанијата кои се поврзани со менаџмент практиките и деловното однесување
- Ситуации поврзани со нерегуларности во сметководственото работење, внатрешни контроли, ревизија и финансиско известување; или намерни дејствија со цел неовластено да се остварат придобивки, како што се пари, имот или услуги;
- Сомневање за вмешаноста на Tigo.mk во злоупотреба или прекршување на човековите права, како и деловни и други начини на однесување кое го прекршува почитувањето на човековите права;
- Значајни прекршувања поврзани со антимонополски закони или правично тргување, шпионажа или саботажа и прекршување на безбедноста на информациите.
Не мора да ги имате сите детали или да бидете сигурни дека нешто не е во ред за да предизвикате и покренете загриженост. Ние ќе ги третираме вашите дојави сериозно, правично и навремено и ќе преземеме акција доколку нешто треба да се поправи. На Ваша волја, извештајот може да биде целосно анонимен.
Ве молиме имајте предвид дека TrustLine не е наменет за поплаки од страна на клиентите. Во такви ситуации, Ве молиме користете ги каналите за грижа за клиентско искуство.
Анонимност и Aнти-одмазда
Eleving Group не толерира дискриминација или одмазда кон лица кои со добра волја поднесуваат дојава или се дел од процес на докажување. Затоа, користиме ефективни, доверливи и безбедни канали за известување и со тоа осигуруваме ефективна заштита од одмазда за укажувачите. Ако мислите дека сте биле цел на одмазда поради дојавата или учеството во докажувањето, веднаш треба да нè известите преку TrustLine. Сите такви известувања ќе бидат истражени темелни и доверливо.
За повеќе информации, погледнете ја политиката за укажување на Eleving Group.
Пријави неправилности тука!