Изјава за носител на јавна функција
Со потпишување / прифаќање на оваа Изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека:
𝥷 НЕ СУМ НОСИТЕЛ НА ЈАВНА ФУНКЦИЈА согласно одредбите на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Република Северна Македонија
𝥷 СУМ НОСИТЕЛ НА ЈАВНА ФУНКЦИЈА, согласно одредбите на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Република Северна Македонија. (доколку субјектот е носител на Јавна функција се преземаат засилени мерки на анализа, согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, и поради тоа апликацијата за кредит мора да се поднесе лично во една од филијалите на ФИНМАК ДОО Скопје.)
Запознаен/а сум дека за потребите на оваа Изјава, а во согласност со член 2 точка 22 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам („Службен весник на Република Македонија“ бр. 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19 и 317/20) изразот „Носители на јавни функции” го има следното значење:
„Носители на јавни функции” се физички лица на кои им е или им била доверена јавна функција во Република Македонија или во друга држава, како:
а) претседатели на држави и влади, министри и заменици или помошници министри;
б) избрани претставници во законодавната власт;
в) судии на врховни или уставни судови или други носители на високи правосудни функции против
чија одлука, освен во исклучителни случаи, не може да се користат правни лекови;
г) членови на органи на управување на супервизорски и регулаторни тела и агенции, државна ревизорска институција и членови на одбор на централна банка;
д) амбасадори;
ѓ) офицери од висок ранг во вооружените сили (чинови повисоки од полковник);
е) избрани и именувани лица согласно со закон и членовите на органите на управување и надзор на правни лица основани од државата
ж) лица со функции во политички партии (членови на извршните органи на политичките партии);
з) лица на кои им е или им била доверена истакната функција во меѓународна организација, како директори, заменици директори, членови на управни и надзорни одбори или други еквивалентни функции и
ѕ) градоначалници и претседатели на совети на општини.
За носители на јавна функција од точка а) до ѕ) се сметаат лицата најмалку две години по престанокот на извршување на јавната функција, а врз основа на претходно спроведена проценка на ризик од страна на субјектите.
Поимот „носители на јавни функции“ вклучува и:
1) членови на семејството на носителот на јавна функција и тоа:
- брачен другар или лице со кое носителот на јавна функција е во вонбрачна заедница,
- деца и нивни брачни другари или лица со кои децата на носителот на јавна функција се во вонбрачна заедница или
- родители на носителот на јавна функција.
2) лице кое се смета за близок соработник на носителот на јавна функција е физичко лице:
- за кое е познато дека има заедничка правна или вистинска сопственост врз правно лице, има склучено договори или воспоставено други блиски деловни врски со носителот на јавна функција или
- кое е единствен вистински сопственик на правно лице или правен аранжман за кое е познато дека се основани во корист на носителот на јавна функција.