5 нaчини како рационално да менаџирате со вашите пари
Можеби најтешкиот начин во процесот на менаџирање на парите е токму моментот кога треба да започнеме од некаде. За жал, честопати сме се нашле во ситуација кога по само неколку дена од земањето на платата, веќе се прашуваме каде се парите наменети за целиот месец. За среќа, тоа што всушност ви недостига е добар план и неколку рационални навики за управување со вашите пари.
За таа цел, тимот на ТИГО Фајнанс ви подготви едноставен водич кој содржи 5 едноставни трикови кои прават инстант резултати – без разлика дали станува збор за краткорочна или долгорочна стратегија за рационализација на вашиот финансиски буџет.
1. Дефинирајте рок за разумно управување со вашите пари
Еден од најдобрите начини рационално да управувате со вашите пари е да поставите цел. Така, доколку сте во брак, планирате одмор или штедите за вашето дете - испланирајте колку пари ќе ви требаат и колку време ќе ви биде потребно.
Краткорочен рок: Одмор, аванс за отплата на автомобил, месечна кирија...
Долгорочен рок: Купување дом, заштеда за дете, пензија...
Екстра совет: Поставете мали, но остварливи краткорочни цели за купување на нешто поголемо, како што е организирање на родендени или купување на подароци за празничните денови. Постигнувањето на помали цели - и уживањето во наградата што сте ја зачувале за вас - може да ви даде психолошки поттик за штедење, истовремено зајакнувајќи ја и вашата навика.
2. Одредите колку сакате да заштедите
Откако ќе добиете точна проценка за тоа колку трошите на месечно ниво, веќе можете да започнете да ги организирате трошоците во остварлив буџет. Вашиот буџет треба да даде преглед на тоа како вашите трошоци се мерат - за да можете да ги испланирате и да ги ограничите истите. Притоа, не заборавајте да ги вметнете трошоците што се случуваат редовно, но не секој месец, како што е сервисирање на автомобилот.
Екстра совет: Насочете се кон заштеда на 10 до 15 проценти од вкупниот приход.
3. Запишувајте ги трошоците
Првиот чекор е да започнете да ги запишувате трошоците на дневно ниво. Внимавајте на сите ваши трошоци – како што се трошоците за кафе, купени предмети за домаќинството и вадење на готовина. Откако ќе ги имате пресметаните податоци, организирајте ги трошоците по категории, како што се трошоци за гас, трошоци за намирници и хипотека, и ставете вкупна колона за секоја сума.
Екстра совет: Користете ја вашата кредитна картичка и финансиските извештаи за да бидете сигурни дека сте точни — и не заборавајте редовно да го правите тоа.
4. Одредете си приоритети
Откако ги дефиниравте трошоците и приходите, вашата цел (долгорочно или краткорочно штедење) ќе има најголемо влијание врз тоа како ги распределувате вашите средства. За таа цел, научете како да ги преоритизирате наменските средства за да имате јасна идеја од каде сакате да започнете да штедите.
5. Автоматизирајте ги трошоците
Во оваа дигитализирана доба на живеење, можеби една од најкорисните алатки за контрола на вашите средства е употребата на мобилна апликација кoja може да ви помогне да останете во чекор со вашите трошоци. Апликациите за лични финансии можат да ви помогнат да ги категоризирате областите за кои сте потрошиле одредена сума на пари, да ги предвидат претстојните плаќања на сметки, да ја следат вашата кредитна рејтинг, портфолиото на инвестиции, како и многу други достапни опции.
Имате потреба од итна финанска помош? Аплицирајте онлајн за инстант кредит од 2.000 до 80.000 денари. Првиот кредит е БЕСПЛАТЕН со 0% камата.
Доколку не сте во можност да извршите навремена отплата на кредитот, Ве молиме информирајте се на телефонскиот број 13 700, обратете се во некоја од нашите филијали, или логирајте се на Вашиот кориснички профил и прочитајте повеќе за опцијата за продолжување на рокот за отплата.
До нашите услуги, можете да пристапите онлајн или во некоја од 26-те филијали во 19 градови ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути.
*** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.