Наградна игра - Денес е твојата седмица
ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА - „ Денес е твојата 7-ца”
Назив и седиште на Приредувачот
Член 1
Приредувач на наградната игра „ Денес е твојата 7-ца” е Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје, со седиште на ул. Филип Втори Македонски бр.3, Скопје, со ЕМБС 7229712 и ЕДБ 4080017568459 (во понатамошен текст: ,,Приредувач на наградна игра / Приредувач”).
Производи и услуги заради чие рекламирање се приредува наградната игра
Член 2
Наградната игра се приредува заради промоција и рекламирање на потрошувачките кредити и финансиските услуги кои ги нуди Приредувачот преку брендот Тиго и тоа:
- потрошувачки кредит Тиго со еднократна отплата во рок од 30 дена
- опцијата Тиго Премиум за трансформација на начинот на отплата на кредитот со која се врши трансформација на начинот на плаќање, наместо со еднократна отплата кредитот да се враќа со повеќекратни месечни отплати, како и
- анекси за зголемување на износот на кредит (дополнителни износи на кредит) кон веќе склучени договори за кредит.
Име, опис и времетраење на наградната игра
Член 3
Официјалното име на наградната игра е „ Денес е твојата 7-ца”.
Наградната игра ќе се приредува на територијата на Република Северна Македонија, за сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија, кои за времетраењето на наградната игра имаат склучено Договор за кредит со Приредувачот на било кое продажно место (подружница) и преку сите продажни канали на Приредувачот, а во согласност со овие официјални правила на наградната игра (во понатамошен текст: „Официјални правила“).
Во текот на наградната игра ќе бидат доделени вкупно 41 дневни награди во поединечна вредност од 7.000,00 денари и 7 главни награди во поединечна вредност од 70.000,00 денари.
Наградната игра ќе се спроведува по механизам за учество, на начин што, еден склучен Договор за кредит со Приредувачот, ќе носи една шанса за извлекување.
- Наградната игра ќе се одржува со времетраење од 00 часот на 02.12.2024 година до 24.00 часот на 11.01.2025 година.
Опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра
Член 4
Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија, кои во периодот од 00.00 часот на 02.12.2024 година до 24.00 часот на 11.01.2025, со Приредувачот ќе склучат Договор за кредит, Прилог кон нов или кон веќе постоечки Договор за кредитен лимит (во понатамошниот текст: ,,Договор за кредит”), во износ од 500,00 до 200.000,00 денари, и доколку се согласиле Приредувачот да ги обработува нивните лични податоци за добивање информации за попусти и промоции преку e-mail, SMS пораки и телефонски повици.
Право на учество се стекнува без оглед дали склучениот Договор за кредит од став 1 на овој член е за потрошувачки кредит со еднократна или со опција за повеќекратна отплата, (во понатамошниот текст: ,,Учесници во наградната игра /Учесници”).
Секој корисник на кредит од став 1 на овој член, автоматски се стекнува со право на учество во наградната игра, освен доколку изрично, писмено не го извести Приредувачот дека не сака да учествува во наградната игра.
Склучениот Договор за кредит што содржи податоци за Учесникот и за поединечниот кредит, ќе служи како потврда врз основа на која Учесниците се стекнуваат со право на учество во наградната игра.
Лица под 18 години и лица кои не се државјани на Република Северна Македонија не може да учествуваат во наградната игра, согласно интерните правила за кредитирање на Приредувачот.
Територија на која се приредува наградната игра
Член 5
Наградната игра ќе се приредува на територија на Република Северна Македонија.
Приредувачот ќе ја организира наградната игра преку сите свои продажни канали и тоа:
- во сите регистрирани подружници означени со брендот Тиго, за време на регистрираното работно време на подружниците;
- онлајн преку вебстраната tigo.mk;
- телефонски преку центарот за грижа на корисници;
Учесниците имаат подеднаква шанса за добивка на награда без разлика на тоа преку кој продажен канал на Приредувачот склучиле Договор за кредит.
Приредувачот ќе обезбеди присуство и достапност на овластени лица во подружниците и во Центарот за грижа на корисници кои ќе им овозможат на Учесниците услови за аплицирање за кредит и ќе вршат надзор врз правилно спроведување на овие Официјални правила.
Податоци за наградите во наградната игра
Член 6
Наградната игра вклучува два типа парични награди и тоа:
- 41 (четириесет и една) дневна парична награда
- 7 (седум) главни парични награди
Дневните парични награди ќе се извлекуваат во 6 (шест) кола, согласно распоредот утврден во Член 10 од овие Официјални правила.
Главните парични награди ќе се извлекуваат во 1 (едно) коло, согласно распоредот утврден во Член 10 од овие Официјални правила.
Поединечна вредност на секоја награда од фондот на награди и вкупна вредност на фондот на награди
Член 7
Приредувачот доделува дневни награди во поединечна вредност од 7.000,00 денари нето и главни награди во поединечна вредност од 70.000,00 денари нето, и тоа:
- 41 (четириесет и една) дневни награди, по една дневна награда во поединечна вредност од 7.000,00 денари за еден среќен добитник, за секој ден во периодот од 00 часот на 02.12.2024 до 24.00 часот на 11.01.2025.
- 7 (седум) главни награди, по една главна награда во поединечна вредност од 70.000,00 денари за еден среќен добитник, при што можни добитници на главна награда се сите учесници кои склучиле Договор за кредит во периодот од од 00 часот на 02.12.2024 до 24.00 часот на 11.01.2025, освен оние учесници што веќе добиле дневна награда.
ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ |
|||||
Бр. |
Вид на награда |
Количина |
Единечна цена во денари |
Вкупна цена во денари |
|
1. |
дневна награда |
41 |
7.000,00 |
287.000,00 |
|
2. |
главна награда |
7 |
70.000,00 |
490.000,00 |
|
Вкупно нето |
777.000,00 |
||||
Вкупно со вклучен данок на доход |
914.106,00 |
||||
Данокот на доход паѓа на товар на Приредувачот и Приредувачот во име на учесникот ќе го уплати во законски утврдениот рок.
Кај наградите кои подлежат на оданочување, приредувачот на учесникот кој ја остварил наградата ќе му го исплати износот на истата во нето износ согласно горната табела.
Наградите кои ќе бидат доделени во наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се определени со овие Официјални правила на наградната игра.
Услови за учество во наградната игра
Член 8
Услов за учество во наградната игра е потпишан Договор за кредит склучен во периодот од 00.00 часот на 02.12.2024 година до 24.00 часот на 11.01.2025 година, и доколку барателите на кредит се согласиле Приредувачот да ги обработува нивните лични податоци за добивање информации за попусти и промоции преку e-mail, SMS пораки и телефонски повици.
Учесниците во наградната игра од член 4 на овие Официјални правила имаат право на учество во наградната игра единствено доколку ги почитуваат и исполнуваат Официјалните правила на наградната игра и доколку ги исполнуваат интерните правила на Приредувачот за кредитирање.
Тек на постапката на приредувањето, односно спроведувањето на наградната игра
Член 9
Секој корисник на кредит од став 1 на член 4 на овие Официјални правила, автоматски се стекнува со право на учество во наградната игра, освен доколку писмено не го извести Приредувачот дека не сака да учествува во наградната игра.
Приредувачот определува системски генериран број на секој склучен договор за кредит од член 4 на овие Официјални правила и при извлекувањето, добитникот ќе биде извлечен по бројот на склучениот Договор за кредит.
Извлекување на дневните награди ќе се врши во 6 (шест) кола, на неделно ниво, согласно распоредот утврден во член 10 на овие Официјални правила.
Излекување на главните награди ќе се врши на 13.01.2025, на начин утврден во член 10 на овие Официјални правила.
Место, време, начин, постапка и контрола на извлекувањето на наградите, односно на определувањето на добивките и добитниците
Член 10
Извлекувањето на добитниците на наградите ќе се врши на адресата на регистрираното седиште на Приредувачот – ул. Филип Втори Македонски бр.3, 1000, Скопје по следниот временски распоред:
Дневните награди ќе се извлекуваат во 6 (шест) кола:
- Прво коло на 09.12024 година во 12:00 часот, на кое ќе бидaт извлечени вкупно 7 добитници на дневни награди. Ќе се извлекува по еден добитник за секој ден во неделата од 00.00 часот на 02.12.2024 до 24.00 часот на 08.12.2024;
- Второ коло на 16.12.2024 година во 12:00 часот, на кое ќе бидaт извлечени вкупно 7 добитници на дневни награди. Ќе се извлекува по еден добитник за секој ден во неделата од 00.00 часот на 09.12.2024 до 24.00 часот на 15.12.2024;
- Трето коло на 23.12.2024 година во 12:00 часот, на кое ќе бидaт извлечени вкупно 7 добитници на дневни награди. Ќе се извлекува по еден добитник за секој ден во неделата од 00.00 часот на 16.12.2024 до 24.00 часот на 22.12.2024;
- Четврто коло на 30.12.2024 година во 12:00 часот, на кое ќе бидaт извлечени вкупно 7 добитници на дневни награди. Ќе се извлекува по еден добитник за секој ден во неделата од 00.00 часот на 23.12.2024 до 24.00 часот на 29.12.2024;
- Петто коло на 08.01.2025 година во 12:00 часот, на кое ќе бидaт извлечени вкупно 7 добитници на дневни награди. Ќе се извлекува по еден добитник за секој ден во неделата од 00.00 часот на 30.12.2024 до 24.00 часот на 05.01.2025;
- Шесто коло на 13.01.2025 година во 12:00 часот, на кое ќе бидaт извлечени вкупно 6 добитници на дневни награди. Ќе се извлекува по еден добитник за секој ден во неделата од 00.00 часот на 06.01.2025 до 24.00 часот на 11.01.2025;
Главните награди ќе се извлекуваат во 1 (едно) коло:
- На 13.01.2025 година во 13:00 часот, на кое ќе бидaт извлечени вкупно 7 добитници на главни награди од сите учесници кои склучиле Договор за кредит во периодот на времетраење на наградната игра од 00.00 часот на 02.12.2024 до 24.00 часот на 11.01.2025, освен оние учесници кои веќе биле извлечени како добитници на дневна награда.
Извлекувањето ќе се врши по случаен избор, преку софтверска програма на сите склучени Договори за кредит со право на учество во наградната игра.
При извлекувањето, ќе бидат користени броевите на договорите за кредит кои Приредувачот системски ги определува за секој договор и притоа, при самото извлекување нема да бидат користени останатите податоци на учесниците.
На извлекувањето за наградите ќе бидат извлечени по еден добитник за секоја награда и по еден резервен добитник доколку од било кои причини се појават несовладливи пречки за доделување на наградата на главниот добитник.
Извлекувањето на наградите ќе се врши во присуство на комисија која ќе биде составена од три члена и тоа:
*Претставник од органот на управување на Приредувачот;
*Претставник од Сектор за усогласеност, АМЛ и Контрола на квалитет на Приредувачот, и
*Претставник на службата за внатрешна ревизија на Приредувачот;
Начин на објавување на резултатите, односно добитниците на наградите
Член 11
Списокот на добитници на дневните награди ќе биде објавен во рок од 3 (три) часа по извршеното извлекување по секое завршено коло, на денот на извлекувањето, на вебстраната на Приредувачот www.tigo.mk и на социјалните мрежи на Фејсбук и Инстаграм.
Приредувачот во рок од 3 (три) дена по завршеното извлекување (коло) и телефонски ќе ги извести добитниците за добиената награда, на телефонските броеви кои се наведени за учесниците при склучување на Договорот за кредит;
Доколку не може да се оствари контакт на телефонските броеви, Приредувачот ќе го извести добитникот по електронска пошта на адресите кои се наведени при склучувањето на Договорот за кредит;
Доколку Приредувачот не може да оствари контакт со добитникот на телефонските броеви и на електронската пошта, добитникот ќе бидe известен по пошта на домашната адреса наведена во склучениот Договор за кредит.
Начин на исплатата, односно остварување на добивката
Член 12
Исплатата на паричните награди ќе се врши исклучиво на личната платежна сметка на добитникот на наградата.
Добитникот е должен да достави и/или да ја потврди својата, лична платежна сметка до Приредувачот, за цели за исплата на наградата.
Легитимирањето на добитникот пред исплата на наградата ќе се врши со приложување на важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош) на увид од страна на претставници на Приредувачот на ист начин на којшто се врши идентификацијата при процесот на аплицирање за кредит.
При доделување на наградата Приредувачот ќе изготви образец / потврда за прием на наградата, која Добитникот треба лично да ја потпише во седиштето на Приредувачот или во подружница.
Приредувачот на наградната игра е должен да му достави на добитникот на наградата примерок од пресметката за аконтација на данокот како и податок за платена аконтација;
Со конечната исплата на наградите престануваат сите обврски на Приредувачот на наградната игра кон добитникот.
Добитникот може да се откаже од учество во наградната игра со давање на изјава во било која подружница на Приредувачот или преку електронска пошта на [email protected].
Рок во кој се врши исплатата, односно остварување на добивката
Член 13
Приредувачот ќе врши исплата на наградите на платежна сметка на секој добитник најдоцна во рок од 14 работни дена од објавувањето на добитниците од секое поединечно коло.
Доколку од било која оправдана причина (блокирана сметка и сл.) не е можна исплата на наградата, поединечната добивка ќе биде доделена на резервниот добитник.
Начин на запознавање на учесниците во наградната играта со правилата на играта
Член 14
Правилата на наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб – страната на Приредувачот www.tigo.mk и на официјалните профили на Приредувачот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, по добивањето на дозволата за организирање на наградна игра од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, а пред почетокот на наградната игра.
Рок во кој незадоволниот учесник има право да поднесе приговор против приредувачот
Член 15
Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на наградната игра до Приредувачот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Приредувачот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.
Во случај на спор помеѓу Приредувачот и учесниците во наградната игра надлежен е Основниот граѓански суд во Скопје
Забрана за учество во наградната игра на вработените кај приредувачот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства
Член 16
Право на учество во наградната игра немаат вработените лица кај Приредувачот, како и членовите на нивното потесно семејство.
Обработка на лични податоци
Член 17
Добитниците на наградите на Приредувачот или агенцијата која Приредувачот ја ангажирал, се согласни да му дадат писмена, изречна согласност согласно со Законот за заштита на лични податоци со која се согласуваат и му даваат право, со цел промовирање на наградната игра и промовирање на Приредувачот, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, слика, како и аудио и видео материјал, без право на надомест и без временско и територијално ограничување или ограничување во број на користења.
Со учеството во наградната игра, учесниците особено, но без ограничување, се согласуваат да бидат фотографирани при преземањето на наградите, како и нивната фотографија да биде објавена од страна на Приредувачот или агенцијата која Приредувачот ја ангажирал за понатамошни промоции и маркетинг во било која форма и на било кој медиум, вклучително и со објава на било кои социјални мрежи.
При подигање на наградите Учесниците се должни да потпишат посебна согласност за обработка на лични податоци со која го овластуваат Приредувачот или агенцијата која Приредувачот ја ангажирал да ги користи личните податоци на добитниците со цел на промовирање на наградната игра и промовирање на Приредувачот.
Приредувачот собира и обработува лични податоци на Учесниците во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РСМ бр. 42/20), и во согласност со Политиката за приватност на лични податоци на корисници на Приредувачот, достапна на веб страната на Приредувачот www.tigo.mk.
Во случај на спор, истиот ќе се реши спогодбено меѓу страните, во спротивно надлежен ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.
Завршни одредби
Член 18
Правилата на наградната игра ги пропишува Приредувачот на наградната игра, влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе се применуваат по добиената дозвола од Министерството за финансии.
Учесниците кои ги исполнуваат условите предвидени во овие Официјални правила, ги прифаќаат одредбите на истите, при што овие Официјални правила се задолжителни за учесниците и ќе важат до завршувањето на наградната игра, се до конечна исплата на наградите.