ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

Финансиското друштво ФИНМАК ДОО Скопје („Друштвото”) спроведува анкета на постојни клиенти, за истражување на клиентското искуство во врска со услугите на Друштвото, започнувајќи од ден 14.04.2025 година, заклучно со ден 24.04.2025 година.

Клиентите кои ќе бидат контактирани од страна на Друштвото и ќе одговорат на сите поставени прашања од анкетата, се стекнуваат со можност да добијат парична награда во вредност од 100 евра, во денарска противвредност на денот на уплатата. Во текот на анкетата, на клиентите кои ќе пристапат кон одговарање на прашањата, ќе им биде побарано да ги потврдат, односно ажурираат, следните лични податоци, а со цел да се стекнат со право на учество во извлекувањето за паричната награда, како и подигнување на истата:

-          Мобилен телефонски број и

-          Адреса на електронска пошта (email).

Извлекувањето на добитникот на паричната награда ќе се врши на адресата на регистрираното седиште на Друштвото – ул. Филип Втори Македонски бр.3, 1000, Скопје, на ден  25.04.2025 година, во 13.00.часот.

Извлекувањето ќе се врши по случаен избор, преку софтверска програма. На денот на извлекувањето за наградата ќе биде извлечен еден добитник и еден резервен добитник, доколку од било кои причини се појават несовладливи пречки за доделување на наградата на главниот добитник, вклучувајќи неисполнување на правилата за учество или неможност за исплата на наградата поради оправдана причина (блокирана сметка или сл.).   Извлекувањето на наградите  ќе се врши во присуство на комисија која ќе биде составена од три члена, претставници од Друштвото.

Друштвото, во рок од 3 (три) дена по завршеното извлекување, телефонски ќе го извести добитникот за добиената награда, на телефонскиот број наведен од учесникот. Доколку не може да се оствари контакт преку наведениот телефонски број, Друштвото ќе го извести добитникот по електронска пошта на адресата наведена од учесникот.

Исплатата на паричната награда ќе се врши исклучиво на личната платежна сметка на добитникот на наградата.  Друштвото ќе му достави на добитникот на наградата, примерок од пресметката за аконтација на данокот, како и податок за платена аконтација. Друштвото ќе ја исплати паричната награда на платежната сметка на добитникот, најдоцна во рок од 14 работни дена од објавувањето на добитникот.

Секој учесник има дадено согласност и право на Финансиското друштво ФИНМАК ДОО Скопје, да доставува информации за попусти и промоции преку е-маил, СМС пораки и телефонски повици.

Секој учесник е запознаен со Политиката за приватност на личните податоци на корисниците (https://www.tigo.mk/info/privatnost), на Финансиското друштво ФИНМАК ДОО Скопје.

Секој учесник има право, во секое време, да ја повлече согласноста за обработка на личните податоци, без притоа да влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.

Назад