Колкав буџет Ви е потребен за зимување?

 Budzet za zimuvanje Tigo.mk

Зимувањето во Македонија е на врвот за безброј семејства во зимските месеци.

Свежината на воздухот и вежбањето во големата надворешност со вашите најблиски овозможува посебен начин на уживање. Многу фактори влијаат при креирањето на буџетот за зимувањето, а со тоа и разликата во изборот на периодот и местото каде ќе го поминете одморот. Ако прв пат одите на зимски одмор после неколку години, веројатно се прашувате колку средства ќе ви бидат потребни за да го извлечете маскимумот од вашиот одмор.

Пресметувањето на точната цена што е потребна за зимување може да биде тешко затоа Tigo.mk реши со неколку корисни совети да Ви помогне да направите реална листа на сите трошоци кои ги очекувате на одмор за да не го надминете вашиот буџет за зимување.

Прочитајте повеќе во сферата на буџетирање од Тиго: Размислувате за преуредување на бањата?

За поедноставување на  процесот, а во интерес на вашето време Tigo.mk направи преглед на листа на трошоци со посебен акцент на цените за транспорт, локација и трошоците за скијање, со што ќе имате целосен увид и разумно ќе управувате со вашите пари при патувањето и намалување на трошоците.


Finansii za zimuvanje Tigo.mk

 5 НАЧИНИ КАКО РАЦИОНАЛНО ДА МЕНАЏИРАТЕ СО ВАШИТЕ ПАРИ

  • Сместување

Започнете најнапред со прашањето – Каде ќе бидеме сместени? Дали ќе се одлучите за хотелско сместување и полн пансион или пак повеќе преферирате приватно сместување? Во секој случај, оваа ставка претставува солиден дел од вашето зимување, па затоа размислете убаво. Еве неколку идеи за сместување

  • Транспорт

Доаѓањето до скијачкото одморалиште често е трошок кој се занемарува или потценува во буџетот за зимување. Можеби имате најдено екстра понуда со ниски цени за картите за ски лифт, но колку ќе ве чини да стигнете до дестинацијата која сте ја одбрале? Според пресметките на Tigo.mk, просечната цена за транспорт со вашиот автомобил е околу 50-80 евра во два правци.  .   

  • Трошоци

Најголемата ставка во билансот на зимувањето, доколку скијате се разбира, е скијањето. Искусните скијачи веќе знаат дека најдобро е опремата за скијање да биде нова. Па така, доколку се одлучите да купите нова опрема за скијање, цената на чинење би била околу 500 евра.

Доколку пак сѐ уште учите да скијате, веројатно вашиот избор ќе биде изнајмување на ски опрема и секако, часови за скијање. Повеќето ски-центри ги нудат овие работи во пакет, со поволен попуст. Но, можеби на вас ќе Ви  треба само една до две работи, а не целиот пакет, па ние ќе ги наброиме нивните цени одделно.

За изнајмување на комплет опрема за скијање за 7 дена, очекуваната цена на чинење би била од 60 до 80 евра дневно. Шлемови и столбови се достапни  одделно, во зависност од одморалиштето, и тие чинат од 10 до 20 евра дневно. Што значи, цената за изнајмување би била од 70 до 100 евра по лице.

Без карти за ски лифт, нема скијање. Колку можете да очекувате да потрошите?

Зависно од тоа дали одбирате некаков пакет од хотелот каде што сте сместени (хотелски услуги, ресторани, активности и настани за целото семејство, ски карти за целиот период), или пак Вие самите управувате со набавките, цените варираат. Пример, доколку се одлучите да одберете поексклузивна опција на сместување, зборуваме за дневен буџет од 120 евра, а доколку одлучите да одите со „поскромна“ варијатна на сместување и услуги, тој трошок би изнесувал од 50 до 70 евра дневно. Притоа, секогаш имајте на ум дека многу од скијачките центри нудат посебни пакети на попусти на цените, бесплатно скијање за деца до 7 години, на билетите за деца, тинејџери, па трудете се да ги „пикирате“ токму оние кои ви даваат дополнителна вредност за вашите пари.

И така, доаѓаме до крајната проценка од близу 350 евра по човек на ден, вклучително билети, изнајмувања и сместување.

Неколку Tigo.mk совети  како да заштедите пари на вашиот одмор

Искористете ги скијачките пакети

  • Согласно буџетот кој го имате на располагање, секогаш целете на т.н "ол инклузив" понуди – т.е понудите кои опфаќаат цена за сместување, лифт билети, часови...
  • Купувајте ги услугите во пакет. На пример, некои понуди имаат попуст за изнајмување опрема за скијање и билети за лифт. Други ви даваат попуст за плаќање однапред, за повеќе дневни билети. Искористете ги овие пакети бидејќи ќе ви заштедат пари и време пред да се качите на лифтот наутро.
  • Користете ги сајтовите за резервации, планирајте го зимувањето неколку месеци однапред (пример, септември и октомври) и можете да добиете и до 50% попуст на крајната цена.

Не дозволувајте трошоците да ве обесхрабрат да го испланирате зимскиот одмор оваа година. Tigo.mk има решение како да дојдете до средствата што Ви се потребни, затоа што сеќавањата кои ќе ги креирате на одморот со своите семејства и пријателите ќе траат за цел живот. Ако се одлучите да  аплицирате за кредит од 2.000 до 100.000 денари, потребно е да обезбедите лична карта или пасош, без дополнителна документација. Времето од аплицирање до кеш на рака во Тиго се мери во минути а првиот кредит е целосно БЕСПЛАТЕН. Отплатата на кредитот е до 30 дена и  со 0% камата, 0 ден. провизија и 0% СВТ. Колку земате толку враќате. Доколку се решите да ја одберете опцијата за повеќекратни отплати до 24 месеци, првата отплата е БЕЗ ТРОШОЦИ. Нашите филијали се наоѓаат на 29 локации низ државата. Слободно посетете некоја од некоја од нив, ќе добиете одговор на сите ваши прашања или на телефонскиот број 13 700.

На крајот од денот забавата може да  продолжи и ако се одлучите за санкање, кое се уште останува бесплатно, исто како и бесплатниот кредит на Тиго за сите нови клиенти.

Related articles

Назад