Традиција и суеверие за Денот на вљубените - испреплетени од љубов за љубов

den na vljubenite Tigo.mk

Најголемиот шопинг период во годината е зад нас, а веќе е време да се подготвивме за новиот- Денот на вљубените. Ова е денот кога се слави љубовта, ден наменет на заедништво и партнерство.

Прочитајте повеќе во сферата на настаните од Тиго:  Тиго за меѓународниот ден на образованието

Насекаде околу нас ја чувствуваме љубовната атмосфера. Партнерите споделуваат нежности и се трудат на еден поинаков начин да им покажат внимание на своите партнери и посебното место што тие го имаат во нивниот живот. Дали веќе имате идеа како ќе го прославите Свети Валентин годинава? Какво  изненадување  му подготвивте вие на вашиот партнер? Многу прашања и многу активности зачинети со љубов и романса, а сѐ со единствена цел - да измамиме насмевка кај нашиот/та сакан/а. И пред да се префрлиме сите на славење овој 14 февруари, (или пак ќе го користите како изговор за да јадете тони чоколади), решивме со вас да споделиме неколку митови, факти и традиции околу Денот на вљубените.

 
Митови околу Денот на вљубените

Првиот мит е поврзан со храбриот свештеник Валентин, кој и покрај царската забрана за брак од страна на царот Клаудиј, незаконски венчал многу парови.

Асоцијација за љубов е секако и Купидон, чија фигура се поврзува со Денот на вљубените покасно во 19-от век. Неговото настанување води до грчкиот бог на љубовта Ерос, кој всушност бил убав, бесмртен човек , со застрашувачка моќ да ги натера луѓето да се заљубуваат. На картичките фигурата на Купидон е прикажана со лак и стрела.

Она што е  фасцинантно околу потеклото на овој празник е што фактите датираат уште од од крајот на 5 век:

 
Факти за Денот на вљубените
  • Официјално датумот 14 февруари е прогласен за „Ден на Свети Валентин“ кон крајот на 5 век, а дури во средниот век се поврзува со љубов и романса.
  • Симболиката на црвените рози е изразување на длабока љубов. Подарувањето на цвеќе или уште познато како дарување со црвени рози се популаризира како тренд во Европа.
  • Првата кутија со чоколади во форма на срце е претставена во далечната 1861 година. Денес продажбата достигнува до повеќе од 36 милиони кутии чоколади во форма на срце.
  • Денот на вљубените е можеби најромантичниот ден за поставување на животното прашање. Речиси 6 милиони парови се свршуваат на Свети Валентин.

 

И сега следува клучното прашање (доколку секако, припаѓате во онаа категорија кои сакаат да го покажат своето внимание на саканите): Што да ѝ подарам на саканата личност за Свети Валентин? Без грижи, подготвивме неколку предлози кои можете да ги проверите овде!

А, ако ви требаат дополнителни идеи, или пак сакате да научите повеќе за тоа како се одбележува Свети Валентин во различни земји во светот, задолжително прочитајте подолу!

 

Различните земји во светот, имаат различна традиција на славење. Уникатното обележје на традициите во  светот, всушност ја зголемуваат важноста на овој ден. Во обид да ви доловиме како се празнува Денот на вљубените, накратко се одлучивме да ви презентираме неколку земји и нивниот начин на прославување.

Картички за Денот на Валентин – Франција

Испраќањето на честитка е еден од најчестите начини за прославување на Свети Валентин во Франција. Започнува во далечната 1415 година, кога војводата од Орлеанс, Чарлс , бил затворен во Лондонската кула и од таму испраќал љубовни писма на својата сопруга.

Италија - Чоколади и романтични вечери 

Според старата италијанска традиција, на Свети Валентин, младите девојки треба да се разбудат пред зори и првиот маж што ќе го видат на тој ден е мажот со кој ќе се омажaт во текот на  годината (или дека нејзиниот иден сопруг ќе наликува на овој човек).

Денес Италијанците слават малку поинаку. Типичен начин за прославување на празникот е размената на подароци и одење на  романтични вечери. Најпопуларен подарок кој се дава на Денот на вљубените во Италија е Baci Perugina кутија со мали лешници прекриени со чоколадо, завиткани во романтични омоти.

Масовни свадбени церемонии - Филипини

Прославите на Денот на вљубените на Филипините многу наликуваат на оние во западните земји. Вообичаена појава на Свети Валентин, кој се практикува како особено популарен начин на одбележување на празникот е одржувањето на масовни церемонии на венчавки. Во текот на целата недела на љубовта, се собираат стотици парови на јавни површини, за да се венчаат или да ги обноват заедничките завети.

Мексико - Љубов и пријателство

И додека во  многу земји во светот луѓето го резервираат Денот на вљубените за љубовниците, во  Мексико и некои други делови на Латинска Америка го слават денот Dia del Amor y la Amistad, или Денот на љубовта и пријателството. Покрај редовната традиција на кој паровите си разменуваат цвеќиња и чоколада, фокусот на празникот е насочен кон покажување благодарност кон пријателите. Исто така прославата вклучува и не-романтични форми на љубов, давање на картички на свои пријатели.

Јапонија - квалитетот на чоколадата ги покажува чувствата

Во Јапонија, вообичаено е само жените да им подаруваат слатки на мажите во нивниот живот, а квалитетот на чоколадото, ги покажува нивните вистински чувства. Мажите  го прават истото за жените но еден месец покасно на 14 март.

Како и да се одлучите да го прославите овој ден, пред сѐ, најважно е да бидете заљубени.

Одвојте момент за својот партнер и покажете ја вашата љубов најмалку еднаш во текот на денот. Љубовта нека ви биде мотивација кон поубав живот.

Ние сме тука да ве инспирираме и секако, да ви помогнеме полесно да го надминете периодот кога можеби ќе ви бидат потребни дополнителни средства во потрагата по совршениот подарок кој ќе го направи овој ден уште поспецијален за вас и вашите сакани.

Аплицирајте тука или во најблиската Тиго филијала сега, и добијте одобрување на кредитот за 30 секунди.

Денес и секој следен ден првиот Тиго кредит е БЕСПЛАТЕН.

Славете ја љубовта цела недела или уште подобро цела година.

 

Related articles

Назад