Доделени наградите од наградната игра на Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје.„Земи кредит, зграпчи награда“

Dobitnici Alex
Caption

На 4 август годинава, ФИНМАК ДОО Скопје ги извлече десетте среќни добитници од наградната игра „Земи кредит, зграпчи награда“, кои во деновите по извлекувањето ги подигнаа своите вредни награди.

Четворица среќни добитници освоија  smart часовник Huawei SmartWatch GT 2e, тројца добитници добија електричен тротинет HAMACHI ET 800, двајца лаптоп компјутери Notebook Asus VivoBook, а еден клиент на Тиго  беше награден со главната награда - мобилен телефон iPhone 12.

Извлекувањето беше реализирано во седиштето на Тиго Фајнанс со автоматско извлекување од базата на податоци на учесниците во наградната игра и емитувано во живо на Фејсбук страницата на компанијата, а за регуларноста на целиот процес, согласно правилата, беше задолжена тричлена комисија.

Среќните добитници изразија благодарност за добиените награди, но и задоволство од услугите на ФИНМАК ДОО Скопје со посебен акцент на поволните услови, брзината на одобрување и подигнување на финансиски средства и достапноста на филијалите низ државата.

За потсетување, во наградната игра „Земи кредит, зграпчи награда“ право на учество имаа сите клиенти на ФИНМАК ДОО Скопје.

кои во период од 3 јуни до 31 јули 2021 година склучиле Договор за кредитен лимит или Анекс на постоечки Договор за кредитен лимит со ФИНМАК ДОО Скопје и кои побарале и на кои им била одобрена исплата на одреден износ на кредит, без оглед дали станува збор за кредит со еднократна или повеќекратна отплата, во рамките на одобрениот кредитен лимит.

 

Related articles

Назад