Информација за клиентите
Почитувани клиенти,
Ве информираме дека, од 1 јануари 2025 г., максималниот лимит за готовински плаќања во филијала се намалува на износ од 1.000 евра. Сите уплати кои го надминуваат овој износ е неопходно да бидат извршени преку платежна сметка.
Имено, согласно член 204 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, лимитот за готовински плаќања во моментов е поставен на износ од 2.000 евра или повеќе во денарска противвредност во форма на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, кои не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги и почнувајќи од 01.01.2025 година се намалува на износ од 1.000 евра.
За повеќе информации, Ве молиме контактирајте нè на 13 700 или во најблиската Tigo.mk филијала.