Нашите услуги достапни во 26 филијали ширум земјата

 

Со цел да бидеме уште поблиску до клиентите и да обезбедиме врвно корисничко искуство во секој контакт со нив, согласно нашата стратегија за проширување на продажната мрежа, услугите на Тиго Фајнанс од сега се достапни во 26 филијали во 19 градови ширум земјата. Со тоа мрежата на Тиго филијалите, претставува најшироко распространета мрежа во финтек индустријата во земјава, секогаш достапна за потребите на граѓаните.

 

 

Растот и проширувањето на достапноста на нашите филијали ќе продолжи и во следниот период.  “Работиме во една од најбрзо растечките индустрии – финтек индустријата, а токму нејзината динамика освен што бара постојано и брзо адаптирање на новините, во исто време поставува нови очекувања, особено за оние компании кои обезбедувањето на врвно корисничко искуство е главен приоритет. Промовирајќи ги нашите вредности, достапност, брзина, транспарентност, доверба, лојалност и посветеност, кои ги живееме во секој контакт со клиентите, веруваме дека доследно ја следиме динамиката на индустријата. Сериозно сме посветени на понуда на услуги кои се одговор на потребите на граѓаните за брзи финансиски услуги, на кои како никогаш досега дадена им е можност за флексибилно и адекватно решение на неочекуваните финансиски потреби. Продолжуваме и понатаму со истото темпо“, изјави Филип Димитровски, Извршен директор на Тиго Фајнанс.

 

До нашите услуги, клиентите можат едноставно да пристапат и онлајн, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% каматна стапка.

Локациите на сите 26 филијали, може да ги погледнете овде >>>>.

 

 *** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.

 

Related articles

Назад