Пари, купување, празници: Дознајте кои се најефикасните начини да се справите со трошоците во предновогодишната еуфорија
И официјално, последниот месец од најнеобичната – 2020 година - пристигна.
Почнуваат да се украсуваат домовите, улиците, и во можеби малку поинаква атмосфера, градот сепак ја живее новогодишната магија и еуфорија. За многумина од нас, празничната сезона носи големи трошоци, особено ако сте од оние кои, понесени од новогодишната магија, често се ранливи на акциски понуди, купуваат импулсивно и без план - а со тоа директно го дебалансираат семејниот буџет.
Свесни дека планирањето буџет за претстојните празници носи нови, дополнителни трошоци, и покрај тоа што одговорно ќе останеме дома и ќе се воздржиме од непотребни излегувања од домот, останува потребата за набавки како се подароци за најдрагите, трошоци за декорации на домот, трошоци за купување на храна, гардероба и сл.
Од таа причина, Ви предлагаме 5 навики кои ќе ви помогнат подобро да управувате со парите во предновогодишниот период.
- Определете сума за трошење - Започнете со определување на буџет во согласност со вашиот план и паричник. Потоа, направете список со имиња на драги личности за кои што сакате да купите подарок, а веднаш до него запишете го износот кој цените дека е соодветен. Вашата листа може да вклучува членови на семејството, пријатели и соседи, деловни соработници итн.
- Бидете селективни - Доколку веќе сте купиле подарок за некого, тргнете го од листата. Избегнувајте додавање на други личности подароци во последен момент за само да го направите вашиот подарок позначаен.
- Направете истражување - Дознајте каде се најдобрите акциски понуди во градот, а за тоа многу ќе ви помогнат и Интернет продавниците. Така, освен што ќе се заштитите и ќе избегнете непотребно излегување од домот, многу е веројатно дека ќе најдете и некои дополнителни попусти за нарачки преку Интернет.
- Одолеете му искушението - Колку пати Ви се случило да влезете во продавница со намера да купите еден производ, а излегувате со нешто сосема друго? Затоа, секогаш купувајте го само тоа за кое што сте дошле. Исто така, не им обрнувајте внимание на ситните акциски производи, бидејќи голема е веројатноста истите да се достапни и во некоја друга продавница по уште пониска цена.
- Внимавајте на ситните букви - Трошоците за пакување, декорирање на домот, а вклучително и трошоците за транспорт на подароците се реални трошоци кои што треба да ги земете предвид.
Свесни дека планирањето буџет за претстојните празници носи и нови, дополнителни трошоци, како пријател во најпотребните моменти, Тиго Ви нуди брз кредит од 2.000 – 80.000 денари, опција што во голема мера може да Ви помогне да „го преживеете декември“.
Аплицирате онлајн на www.tigo.mk или во некоја од нашите Тиго филијали ширум земјата – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш на рака се врши за само 10 минути.
Дополнително, и многу важно, имате опција за повеќекратни месечни отплати до 24 месеци – што само по себе е олеснителна околност особено за Нова Година кога буџетот е оптоварен.
Поминете ги празниците среќни, и весели, онака како што заслужувате!