Подигнат и оштетен паркет во домот? Што сега?!

Objava parket (2)
Caption

Ќе признаете, подот е токму она што му дава посебен шарм и го надополнува убавиот изглед на домот. Убавиот под претставува вистинско уживање за очите, но и за стапалата кои газат по него. Меѓутоа, што ако дрвениот и стар паркет се оштети од влага, а со тоа се подигне правејќи мали ритчиња кои не само што го нагрдуваат просторот, туку преставуваат и потенцијална опасност да се повредите вие или некој од вашите блиски.

Што тогаш?! Потребно е да се реагира веднаш, но од каде се почне?!

Најпрво, лоцирајте ја причината за оштетувањето и подигнувањето на паркетот. Вообичаено подигнувањето настанува поради продирање на поголемо количество на вода на паркетот одозгора или одоздола. Со навлегувањето на водата во дрвото, волуменот на летвичките се зголемува, тие набабруваат и се подигнуваат од лежиштето. Токму затоа, на самиот почеток, потребно е да ја отстраните причината за неговото оштетување односно да ја стопирате водата доколку сè уште протекува и да бидете сигурни дека целосно сте го санирале изворот на протекувањето.

Потоа, отстранете ги оштетените летвички и подлогата за која бил залепен паркетот и оставете неколку дена целосно да се исуши влажната површина. 

Како следен чекор е изборот на паркет, и тоа парчиња кои би биле најслични на останатите неоштетени летвички или доколку е зафатена и оштетена поголема површина, тогаш потребна замена на целата подна подлога! На тој начин, покрај со нов паркет можете да извршите замена и со ламинат паркет, давајќи сосема нова свежина на просторот.

Електрометал е местото каде имате широк избор на подни облоги, но и целокупниот материјал кој ви е потребен за монтирање. Слободно можете да се опуштите во изборот и пазарувањето на новиот под за домот затоа што за секој финансиски кусок тука е Тиго, нудејќи пристап до 80.000 денари веднаш! Во маркетите на Електрометал во Карпош 3, Маџари и Драчево имате можност да аплицирате за Тиго кредит, само со лична карта и без жиранти. Дополнителна предност претставува и тоа што првиот Тиго кредит со навремена и целосна еднократна отплата до 30 дена е со 0% камата, 0 денари провизија и 0% СВТ, односно е целосно БЕСПЛАТЕН!

Дајте му го посакуваниот шарм и свежина на вашиот дом менувајќи го стариот и оштетен под со нов. Тиго и Електрометал, како пријатели на домот и буџетот, се тука да ви помогнат во реализацијата на планот и создавањето на поубав простор за живеење!  

     

Related articles

Назад