Запознајте го магичниот Охрид, дел 1 - Самоиловата тврдина

 

intro

Кога некој ќе го спомене Охрид, веднаш нѐ асоцира на прекрасното бистро Охридско езеро кое од 1980 година е прогласено за Светско Културно Наследство под заштита на УНЕСКО, заедно со градот, што воедно го прави најпосетениот и најатрактивен туристички град во земјата. Но, Охридското езеро освен што е најголемото и најзначајното природно езеро во нашата земја, а според некои научни извори се смета и за најстарото езеро во Европа, тоа е и воден линк помеѓу Македонија и Албанија, но и место околу кое постои богата историја, култура, археолошки наоѓалишта и природна убавина.

Кога сме кај историските, културните и археолошките знаменитости на градот, сето должно внимание го заслужува Самоиловата тврдина. Охридската тврдина, симболот на градот, без кој не може да се замисли неговата урбанистичка физиономија и историја, е една од најголемите средновековни фортификациски градби во земјава. Со своите утврдувања и ѕидини го зафаќа целиот Охридски рид. Од сите страни, со исклучок на јужната, која е свртена кон езерото, ридскиот дел на градот бил заштитен со високи камени ѕидови и кули во должина од три километри, сѐ до близу охридското пристаниште.

tvrdinata

 

Низ историјата тврдината била многу пати уривана, преградувана и доградувана, така што таа носи белези од речиси сите историски епохи на градот Охрид. Се смета дека најголемиот дел од ѕидовите на цитаделата и подградието, заедно со зачуваните кули, датираат од времето на  царот Самоил, од 976 до 1014, а потоа и на неговите наследници до 1018 година, кога Охрид бил престолнина на првата држава на македонските Словени, заради што денес тврдината е позната како “ Самоилова крепост.”

Во градот се влегувало низ три порти. Денешната, сѐ уште наречена Горна Порта, во непосредна близина на античкиот амфитеатар, Челна Порта кај денешната црква Св.Богородица Челница и Долна Порта што се наоѓа на педесетина метри од брегот на езерото. Од сите нив е зачувана само Горна Порта во која се употребени  мермерни надгробни споменици со грчки и римски натписи и други елементи кои потекнуваат од античките градби во градот.

 

Доколку навлеземе малку подлабоко низ историјата, ќе најдеме податоци за оваа тврдина уште од времето на историчарот Тит Ливиј, кој во третиот век пред нашата ера ја опишува како тврдина на градот Лихнид.

Историските факти, но и преданија за Царот Самуил живеат, се пренесуваат и како сѐ уште да го „чуваат“ Охрид, езерото, културното и духовното наследство на градот, ја чува магијата на градот и себично ја штити, ја негува и цени. Охриѓани се свесни за магијата која ја носи тврдината, Самоил, но и целата историја спомената од третиот век пред нашата ера.

Целата оваа историска слика и хронологија од антички период, па до денес, е крунисана со називот Самоилови тврдини, кој како бедем сеуште стои над Охрид, како највисока точка во градот, ги прави Охриѓани горди, а туристите среќни и исполнети. Можете да дојдете прв пат во Охрид, а можете и десетти, интензитетот на магијата во Самоиловиот бедем секогаш е ист.

Денес остатоците од Самоиловото царство се восхит за многу странски и домашни посетители кои се оплементи со зачуваните корени од некогашната античка и средновековна историја, духовно и културно наследство, магично споени на едно место, на една локација, низ едни ѕидини. Охриѓани, како родени жители на овој град, иако мештани, не пропуштаат прилика, а да не направат прошетка во овие стари делови на градот, притоа чувствувајќи го истиот восхит, истата магија, повторно и повторно, свесни што се благословени да бидат „заштитени“ од Царот Самоил.

Caption

 „И секогаш кога ќе ја посетам тврдината, се присетувам на една моја приказна која ќе ја споделам и со вас. Уште како малечко девојче, кога седев на терасата од каде што се гледа дел од Самоиловата тврдина, така гледајќи ја, замислував дека таму има сѐ уште царство и царот живее таму со своите принцези, војници и слуги. Толку ме возбудуваше тој факт, што во мојата глава тоа беше реално. Замислував како ќе отидам таму и ќе ме пречекаат на портата, а внатре ќе ме послужат со слатко овошје. Секој ден повторно и повторно седев на терасата и го замислував истото. Кога конечно ме однесоа таму, јас плачев, но истовремено и се восхитував на прекрасниот поглед што го дава тоа место и си ја замислив приказната во мојата глава што си ја чувам до денес.“

Зарем ова не фантастично и магично?

Caption

Се надеваме дека уживавте во читањето на текстот кој го подготви нашата колешка Климентина Целеска. Доколку сакате да дознаете повеќе – Климентина можете да ја најдете токму во Охрид, во нашата Тиго Филијала лоцирана на бул. Туристичка 75 а - зграда 1 (кај кружниот тек, зграда Печијаре)

 

До следната магија на Охрид, не заборавајте – за Вашите финансиски желби не треба магија. Тука е Тиго.

 

Related articles

Назад